ГОЛЕМА ВЕЛИГДЕНСКА СЕВДАХ ТУРА НИЗ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

ФОЧА – ТЈЕНТИШТЕ - ТРЕБИЊЕ – ТВРДОШ - СТОЛАЦ – ПОЧИТЕЉ – ЖИТОМИСЛИЌИ – БЛАГАЈ - МОСТАР – ЈАБЛАНИЦА – КОЊИЦ – ЈАЈЦЕ  – ВИСОКО – САРАЕВО – ВИШЕГРАД
6 ДЕНА / 3 НОЌИ / 21ви АПРИЛ – 26ти АПРИЛ 2022 / СО АВТОБУСREBINJE – T

ХЕРЦЕГОВИНАГорда на својата богата историја и неверојатна културна традиција, со векови оваа земја ја претставува тежината на животот кој ја црпи својата сила од сувиот камен и кршот. Херцеговците, горди на своето наследство секогаш со задоволство раскажуваат за своите предци, славно минато, за лутите битки кои ги воделе за слободата на својата земја. Исправени, потемнети од сонцето кое на лето толку грее што Ви се причинува дека гори каменот... Се чувствува мирис на морето, кое е тука некаде во непосредна близина, се чувствува ветре кое ја носи свежината од околните планини,  мирис на овчо сирење  кое во овие краишта има сосема посебен вкус... Секој чекор во оваа земја е историја. Најмногу оставиле Турците, но тука се и средновековните манастири, камени надгробни споменици... Ова е земја која сите, но и никој не ја разбира! Дојдете во Херцеговина да разговараме за Шантиќ, Дучиќ, света кралица Јелена, за виното, вера и невера, љубов и омраза...

БОСНАсекогаш нé затекнува со својата убавина! Колку само тага има во оваа земја, но и животна радост. Босна е точка на спојување на истокот и западот. Ретко која земја во светот имала ваква историја и ретко која земја толку страдала. Тоа можете да го почуствувате во секоја коцка од калдрмата по која одите, а најмногу во песните, прочуените севдалинки. Тука е и кафето за добро утро кое мириса како никаде на друго место,  насмевките и срдечните поздрави на добрите луѓе, но и убавините кои ќе ги видите, нешто што го има само тука. Иако ни е релативно блиска, секогаш се нуди само Сараево но ние ќе Ви понудиме едно поинакво патување каде што ќе имате можност барем делумно да ги запознаете сите убавини кои ја красат оваа земја. Дојдете со нас на ова преубаво патување и гарантираме дека ќе уживате.

ПРОГРАМА:

Прв ден 21.04.2022   Поаѓање од СТРУМИЦА во 18:00 ч од договорено место. Попатно застанување за превземање на патниците од Штип, Велес и Скопје. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење преку Србија, со кратки попатни одмори за освежување и царински формалности.

Втор ден 22.04.2022  ФОЧА – ТЈЕНТИШТЕ – ТРЕБИЊЕ    
Пристигнување во ФОЧА во утринските часови, околу 08:00 ч
. Краток одмор во градот со типичен ориентален дух... Ќе прошетаме по неговата калдрма и покрај реката Ќехотина која се токму тука, во Фоча влева во реката Дрина. Ќе поминеме покрај Алаџа џамијата, ремек-дело на исламската архитектура од 16ти век, потоа српската православна црква Св. Сава и Саат-кула на Мехмед паша Кукавица, кој овде бил роден и ја изградил како подарок на својот роден град (најстарата саат кула во БиХ). Кусо слободно време, околу 1 час, за кафе и босански бурек и продолжуваме во 09:30 ч. кон Националниот парк СУТЈЕСКА, со кратка пауза на ТЈЕНТИШТЕ и посета на меморијалниот споменик од Втората светска војна – битка на Сутјеска. Најстар и најголем Национален парк во БиХ, каде што е највисокиот врв на планината Маглиќ и најголемата европска прашума Перуќац, со 8 глацијални езера на планината Зеленгора. Се протега на преку 16.000 хектари површина, со преку 66% шумска покриеност. Во спомен на една од најголемите битки од Втората светска војна која се одиграла од 15ти мај до 15ти јуни 1943 година, за време на Петтата офанзива, а во чест на загинатите борци, изграден е меморијалниот комплекс Тјентиште на местото каде што се одиграле најголемите и најкрвавите битки. Кустосот од музејот ќе ни ги раскаже најбитните детали од познатата битка /услугите на водичот вклучени во цената, влезниците се плаќаат на лице место/. Потоа продолжуваме кон Требиње. Пристигнување во ТРЕБИЊЕ околу 14:00 ч, за некои еден од најубавите градови во БиХ, заедно со Јајце. Со своите 260 сончеви денови во текот на годината, се здобил и со друго име „Градот на сонцето“. По сместувањето во хотел и одмор од 1 час предвиден за ручек тргнуваме во запознавање со градот со најмногу споменици во БиХ, со лесна прошетка покрај реката Требишњица а во придружба на локален водич. Посета на Музејот на Херцеговина. Потоа продолжуваме кон центарот и разглед на: Анѓелкина капија, Градска порта, која ги спојува Стариот град со нов дел на Требиње, познатиот  Плоштад на поетите со чинарите стари преку 100 години, кои се симбол на градот. Тука се и подароците на големиот Дучиќ на својот роден град, статуи и бисти на Јелена Анжујска, Његош, камените лавови на влезот во преубавиот парк. Факултативна посета на Херцеговачка Грачаница. Црквата е изградена како исполнување на желбата на големиот српски поет Јован Дучиќ. Покрај оваа црква каде што се пренесени моштите на поетот 1999-та година, се наоѓа и камбанарија и Владичански дворец, амфитеатар и сувенирница. Од платото околу црквата се протега преубав поглед на Требиње, каде ќе имате можност за преубави фотографии. Потоа се посетува манастир Тврдош, кој во 16ти и 17ти век бил седиште на Хумско-Херцеговачка митрополија. Низ стаклениот под кој претставува “поглед во минатото“ можат да се видат темелите на старата црква. Манастирскиот вински подрум е надалеку познат по врвното црно вино. Враќање во хотел и одмор. Можност за организирање вечера во хотелот. Ноќевање.


Трет ден 23.04.2022    СТОЛАЦ – ПОЧИТЕЉ – ЖИТОМИСЛИЌИ - БЛАГАЈ - МОСТАР   Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Мостар во 08:00 ч. Патување низ срцето на Херцеговина. Пристигнување во СТОЛАЦ околу 09:30 ч, еден од најстарите градови на БиХ, место каде што се спојуваат и делат цивилизациите и познат по своите две некрополи кои бројат преку 400 средновековни надгробни споменици. Градот со најмногу кули во времето на владеењето на Османлиите, со “Инает мостот”, ориенталната градска чаршија е неодоливо убава со обновената Саат кула и Султан-Селимова џамија, старите махали а особено Беговина – резиденцијален комплекс со убаво сочувана архитектура. На 3 км од градот се наоѓа локалитетот Радимље со 63 средновекевни надгробни споменици, каде што може да се види целата разновидност и висок уметнички квалитет на изработката, богатството на декорациите на релјефните прикази и натписи. Во 11:30 ч продолжуваме кон ПОЧИТЕЉ – убав средновековен град од 14ти век со сочувани камени куќи и кули кои со векови се огледуваат во бистрата Неретва. Главните знаменитости се Тврдината, Шишман Ибрахим-пашина џамија и медреса од 16ти век, амам и ан од 17ти век, Хаџи-Алиина џамија која е можеби една од најубавите во БиХ, бројните куќи со медитерански и ориентален стил на градба... Продолжување кон блискиот манастир ЖИТОМИСЛИЌИ кој потекнува од 15ти век со манастирската црква посветена на Благовештение на Пресвета Богородица, познат по богата збирка на икони. Една од најпознатите е иконата на Пресвета Богородица, една од четирите такви во светот и е една од трите најпознати уметнички колекции на БиХ. По посетата на манстирот продолжуваме кон БЛАГАЈ и изворите на реката БУНА. Планирано пристигнување околу 14:00 ч. Ќе видиме фантастична природа, приказна за херцег Стефан Вукчиќ Косаче и за дервишите... Датира уште од римско време, а изворот на реката Буна се смета за еден од најголемите и најчистите во Европа. Реката извира од под карпа висока 200 м и по само 9 км тек се влева во реката Неретва. Легендата вели дека турскиот султан толку бил воодушевен од пејзажот што во 16ти век изградил текија каде што дервишите го славеле Бога а и како коначиште за патниците. Сето ова ќе го слушнете за време на кратката пауза во ресторанот на самите извори. Околу 15:00 ч. продолжуваме кон МОСТАР, скапоцениот камен на Херцеговина. Сместување во хотел. Краток одмор и во договореното време поаѓање на разглед на градот со прошетка по старата чаршија со убавите мостарски дуќани. Тука ќе ги видиме Коски Мехмед-пашина џамија, Караѓоз-бегова џамија, можност за посета на традиционалната Турска куќа на една од познати мостарски фамилии со потполно зачуван ориентален амбиент... Нормално, што би бил Мостар без својот Стар мост, симболот на овој град, кој во еден елегантен лак ја премостува ладната и бистра Неретва. Мостот е ремек-дело на османлиската архитектура. Мостар е и родниот град на познатиот поет Алекса Шантиќ чиј споменик се наоѓа во паркот, блиску до неговата родна куќа. Слободно време за индивидуални активности. Препораката е да посетиме некој од националните ресторани во Мостар каде што ќе можеме да ги вкусиме познатите босански специјалитети. Враќање во хотел. Ноќевање.


Четврти ден 24.04.2022   ЈАБЛАНИЦА – КОЊИЦ - ЈАЈЦЕ  Појадок. Одјава од хотелот до 8 ч. и продолжување на патот преку Јабланица со попатна посета на местото врзано за битката на Неретва од Втора светска војна. Дел од комплексот се Меморијален комплекс “Битка за ранетите” на Неретва како и разрушениот мост на реката. Разглед на комплексот и стручно водство од локален водич е вклучено во цената, влезниците се плаќаат на лице место. Можност на факултативна посета на атомската скривница на Тито во Коњиц (задолжителна резервација пред поаѓање), една од најголемите тајни на Југославија, чувана 50 години. Воениот објект под шифра Д-О „АРК“ бил граден под превезот на тајноста цели 26 години, помеѓу 1953 и 1979 година, во времето на студената војна, а опремен е со најсовремената технологија од тоа време. Бункерот се наоѓа 300 м под земја и се простира на површина од 6.854 м², составен од три зони. Во првиот дел се наоѓаат надзорната резиденција, местото за техничка поддршка и обезбедувањето. Потоа следат металната врата дебела 1,20 м и тунелот кој води до центарот на атомското засолниште, кое може да издржи удар со јачина од 20 килотони. Третиот дел се состои од противпожарен систем, клима уред, простор за комуникација, магацин за вода и нафта, како и станбен простор за Тито и 350 најблиски соработници. Температурата во бункерот е помеѓу 21 и 23 С°, а влажноста на воздухот е помеѓу 60 и 70%, што се идеални услови за живот. Целиот простор е осветлен со 6.000 неонски сијалици. Денес овој бункер е музеј, но и потсетник на времето кога заканата од нуклеарна војна била секојдневие. За јавноста е откриен 2011-та година. Околу 12:00 ч продолжуваме кон ЈАЈЦЕ – Пристигнуваме околу 15:00 ч. Обиколка на познатите водопади на реката Плива која вака го завршува својот ток во реката Врбас, а кои се наоѓаат во самиот центар на градот. Идеална прилика за извонредни фотографии кои што ќе можете да ги направите од платото веднаш до водопадите. Водопадот е висок 21 метар, а од платото покрај нив се протега преубав поглед на градот. Одиме кон познатата тврдина низ старата чаршија. Обиколка на споменик - храмот на индо-европското божество Митрас кој датира помеѓу 3ти и 4ти век од новата ера, средновековната Травничка капија, Хафизадиќа-чешма и Омер-бегова куќа. Посета на катакомбите, каде што на најнискиот кат се наоѓа крипта со олтарот која ја краси крст, месец и сонце, криејќи ја својата симболика. Изградени во 14ти век, во овие катакомби за време на 1943 година престојувал цел Врховен штаб на чело со Јосип Броз Тито. Највисоката точка на градот од 470 м н.в., ја завзема Тврдината. Била седиште на кралот Твртко и тука се наоѓа единствен сочуван кралски портал во Босна со грбот на династијата Котромањиќ. Посета на Музејот на второто заседание на АВНОЈ, единствен музеј во светот посветен на борбата против фашизмот., а особено битен за македонскиот народ, место каде Македонија и македонците се стекнале со својат посебност и своите права. Сместување во хотел. По краток одмор можност за организирана свечена велигденска вечера во хотелот. Ноќевање.


Петти ден 25.04.2022  ВИСОКО - САРАЕВО – ВИШЕГРАД   По појадокот поаѓање кон ВИСОКО - Археолошки парк  „Босанска пирамида на Сонцето". Обиколка на најважните локалитети со локален водич во траење од 90 мин.: видиковец “Белведере“ со поглед на “Босанската пирамида на сонцето’’ и подземен лавиринт на тунелите „Равне”. Како претпоследна точка на нашата прошетка е САРАЕВО, главен град на БиХ – урбаното јадро на Сараево започнало со подигнување на Царската џамија и градските населби на левиот брег на реката Миљацка, додека трговскиот дел којшто Османлиите го затекнале на десниот брег на реката Миљацка прераснало во сплет на занаетчиски чаршии, денес познати како Башчаршија. Во 16ти и 17ти век била најголем трговски центар на централен Балкан, а денес е историско традиционално занаетчиско и гастрономско јадро на градот. Првите објекти ги изградил Иса-бег Исхаковиќ и  санџак-бег Гази-Хусреф бег. Пешачка обиколка со локален водич и разглед на Царската џамија, Беговата џамија, Медресата, Старата православна црква на Башчаршија, Библиотеката, имаретите, чешмите, хановите, Градската куќа, Латинската ќуприја – местото, каде што Гаврило Принцип го извршил атентатот над австро-унгарскиот престолонаследник Франц Јозеф Фердинанд, што го иницирало почетокот на Првата светска војна и распаѓање на Австро-унгарското царство, Саат – кулата, единствена во светот која го мери времето лунарно и ги повикува верниците на молитва и каде што смената на денот е кога заоѓа Сонцето ... Слободно време околу 1 час на Башчаршија за уживање во убав ориентален амбиент. Препорака да ги вкусите познатите сараевски ќебапчиња. Во попладневните часови поаѓање за ВИШЕГРАД. Кратка пауза за посета на познатата „На Дрини Ќуприја“, еден од најубавите мостови изграден за време на владеењето на Османлиите од страна на Мехмед-паша Соколовиќ и куса вечерна посета на Андриќ-град - најновата туристичка атракција на градот, изградена од познатиот режисер Емир Кустурица. Тука завршува нашето убаво патешествие низ Босна и Херцеговина. Ова се е само дел од сите убавини кои што ги нуди оваа земја, но ние секогаш оставаме по нешто и за повторна посета...


Шести ден 26.04.2022    МАКЕДОНИЈА   Ноќно возење преку Србија, со попатни кратки паузи и царински формалности. Пристигнување во раните утрински  часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.01.2022 – ПО ЛИЦЕ 216 € (13.450 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА – ПО ЛИЦЕ 238 € (14.750 денари)

За валидна резервација е потребна уплата од само 1500 ден.

(плаќање во денарска противвредност)

 


ВО ЦЕНАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

-          Автобуски превоз на наведената релација според програмата

-          Вклучени трансфери од Гевгелија, Струмица, Штип и Велес

-          1 ноќевање со појадок по лице во 1/2 и 1/3 соба во хотел Leotar 4* во Требиње

-          1 ноќевање со појадок по лице во 1/2 и 1/3 соба во хотел Eden 4* во Мостар

-          1 ноќевање со појадок по лице во 1/2 и 1/3 соба во хотел Turist 4* во Јајце

-          Такси за престој во сите хотели

-          Посета на Фоча

-          Посета на Националниот парк Сутјеска и Меморијалниот комплекс Тјентиште со локален водич – кустос

-          Разглед на градовите: Требиње, Столац, Почитељ, манастир Житомислиќи, Благај со Буна, Мостар, Јајце, Сараево со стручно водство од страна на локални водичи

-          Посета на Меморијалниот комплекс Битка за ранетите на Неретва во Јабланица со локален водич – кустос

-          Посета на Високо и Босанските пирамиди со локален водич – кусто

-          Посета на Вишеград

-          Пратител од агенцијата организатор и лиценциран пратител на групата за цело време на патување

-          Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

-          Факултативна посета на Херцеговачка Грачаница и манастир Тврдош 5 еур /мин. 25 патници – пријавување со резервација – цената вклучува превоз и локален водич/

-          Факултативна посета на Титов бункер во Коњиц 20 еур /мин. 25 патници – пријавување со резервација – цената вклучува превоз, влезници, водич/

-          Факултативни вечери

-          Влезници за културно-историски споменици 

-          Доплати за 1/1 соба /на барање/

-          Патничко здравствено осигурување без франшиза со ковид покритие – задолжително

-          Индивидуални трошоци и сé што не е спомнато во програмата

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

-          За патување во БиХ е потребен еден од следните здравствени документи: документ за примена вакцина против ковид 14 дена од втората доза, негативен ПЦР тест не постар од 48 ч пред патување, негативен брз антиген тест не постар од 48 ч пред патување, документ за прележана болест од 14-180 дена пред влез во БиХ (за излез од Македонија 45 дена максимум!) Важи за сите над 7-годишна возраст. За враќање во Македонија важат истите услови

-          За патување во БиХ е потребен валиден пасош со мин. три месеци важност од денот на напуштање на земјата

-          Наведените хотели се со 4* и се според локалната категоризација.

-          Сите локални водичи се со валидни лиценци за подрачјето за кое се ангажирани.

-          За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 пријавени патници. Во спротивно организаторот има право да го откаже  аранжманот 7 дена пред патување или да ја зголеми цената најмногу за 10% од објавената во согласност со патниците.

-          За валидна резервација е потребна уплата од мин. 1500 ден. Вториот дел (до 50% од вкупната сума) се доплаќа до 01.03.2022, а останатиот дел најдоцна 15 дена пред поаѓање.

-          Аранжманот е можно да се плати и на рати, а бројот на ратите ќе зависи од датумот на првата, но последната треба да е најдоцна 15 дена пред поаѓање, максимум на 6 рати.

-          Цените на влезниците се од информативен карактер и валидни за 2021-ва година. Организаторот не може да ги гарантира истите!

-          Оформената цена е правена според моменталните цени на гориво. Во случај на драстично зголемување на цените на горивото, патарините и сл., цената на аранжманот може да претрпи измени. Истото важи и за останатите услуги. За било какви евентуални измени, клиентите кои веќе ги уплатиле средствата, по известувањето ќе имат можност да ја прифатат новата цена или да им се вратат средствата.

-          Во случај на затвoрање на границите, воведување на вонредни состојби, карантини и сл. уплатените средства ќе бидат вратени во целост.

-          Во случај на заболување на некој патник од корона пред поаѓање или позитивен тест на корона пред патување, странките во замена на уплатените средства ќе добијат вредносен ваучер кој што ќе можат да го искористат за некое наредно патување. Како доказ задолжително треба да достават медицинска документација.

-          Во сите останати случаи на откажување на веќе потврдена резервација за патување, пеналите за откажување се според специјалните условите за оваа програма:

·         5% ако патувањето се откаже на веќе потврдена резервација на име на административни трошоци

·         30% ако патувањето се откаже 60 до 30 дена пред поаѓање;

·         50% ако патувањето се откаже 29 до 15 дена пред поаѓање;

·         90% ако патувањето се откаже 14 до 8 дена пред поаѓање;

·         100% ако патувањето се откаже 7 до 0 дена пред или во текот на патувањето

·         Или патникот да најде соодветна замена за откажаното место.

*Откажувањето мора да е во писмена форма, доставено на мејл на info@lagunajet.mk

-          Цените се валидни за плаќање во готово или на банкарска сметка на агенцијата.

-          За цело време на патување патниците задолжително мора да ги почитуваат протоколите во автобусот, затворените простории и земјите низ кои поминуваме и по кои се движиме, како носење на маска во автобусот за цело време на патување, во затворените простори, дезинфекција на раце на влез и излез од автобусот и сл. Во спротивно, пратителот на групата ќе има право да го отстрани патникот од автобусот доколку не ги почитува правилата. *Доколку се уште се на сила протоколите за патување поради пандемијата.

-          Програмата не се препорачува за мали деца и тешко подвижни лица

Организатори на ова патување се Арт оф Травел Скопје и Лагуна Џет Струмица. Секое копирање на истата ќе се смета за повреда на авторски права. Програмата можат да ја нудат и продаваат само овластени субагенти на горе посочените агенции – организатори на ова патување. Програмата е објавена на 01.12.2021