ЈАПОНИЈА – Пролет 2026
Софија-Токио-Фуџи-Хаконе-Кјото-Нара-Осака-Софија
31.03.2026
7 ноќи, 10 дена
Ако има нешто поубаво од самата земја Јапонија која неверојатно ги комбинира модерната и безвременската традиција, тоа е - Јапонија во пролет! На пролет, безбројните црешови дрвја наречени Сакура се покриени со нежен розов превез, а секој бистар поток или езеро нежно ја одразува нивната етерична убавина. Подготвени ли сте за една возбудлива и неверојатна земја, каде што традицијата ја прегрнува иднината и секоја минута е полна со неочекувани сензации? Разбудете ги вашите сетила со волшебните ароми на сакура во целиот спектар на пролетни бои. Доживејте ја Јапонија во нејзино најдобро издание, ќе ви покажеме што нè импресионирало и инспирирало и притоа нè натерало да се вратиме повторно! Јапонија не е земја што треба да се посети само за да се пофалиме – Јапонија треба да се доживее вистински!
Јапонија е патување кое менува сè – а најмногу ве менува Вас!
Авиокомпанија: Turkish Airlines
Информации за летот: 31.03.2026
Поаѓање:
31.03.2026 Софија 21:10 Истанбул 22:40
01.04.2026 Истанбул 02:00 Токио 19:20
Враќање:
08.04.2026 Осака 22:10 Истанбул 04:55 на 09.04.2026
09.04.2025 Истанбул 07:30 Софија 08:45
Цена по лице 3.950 еур – ВКЛУЧЕНИ СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ И ВЛЕЗНИЦИ! |
Ден 1: 31.03.2025 Полет со авиокомпанија Turkish Airlines од аеродром Софија, Терминал 2 кон Истанбул во 21:10 ч. Слетување во Истанбул во 22:40 ч. Полетување од Истанбул за Токио во 02:00 ч.
Ден 2: 01.04.2026 Пристигање на аеродром Ханеда во 19:20. Средба со претставник на локалната партнер агенција (англиски јазик) и трансфер до хотелот. Сместување во Hotel Monterey Akasaka 4*. Ноќевање.
Ден 3: 02.04.2026 Појадок во хотелот. Во 08:45 ч. средба со локалниот водич и почеток на целодневна тура во срцето на Токио. Уште во првиот момент ќе ја почувствувате магијата на јапонската култура преку церемонија со облекување на традиционално кимоно. Потоа ве очакува посета на будистички храм Сенсо Џи – најстариот и најпочитуван храм во квартот Асакуса, тесно поврзан со будистичкото движење Тендај. Најдобриот начин да го почувствувате Токио е да се изгубите во неговата шарена врева – сред улиците кои вријат од живот, шарени и светли Една таква улица е Накамисе – само 250 м. долга, но секогаш празнична, бучна и полна со мали продавнички кои го чуваат духот на древна Јапонија. Слободно време за прошетка и шопинг. Ве очекува вистинска кулинарска авантура ! Готвач - мајстор на јапонската кујна ќе ви ја открие сложеноста на уметноста на суши и техниката на негова подготовка, а потоа ќе ги вкусите сопствените креации - искуство кое ќе ги разбуди сите ваши сетила. Попладни посета на Мејџи Ѕингу – едно од најзначајните светилишта во Токио, посветено на императорот Мејџи и императорка Шокен (родена Масако Ичио). Разположено среде вековни шуми, ова место буди чувство на тишина и хармонија во срцето на еден мегалополис. Тука ќе ја доживеете шинто архитектурата, ќе видите ритуали со монети и пишување желби на мали дрвени плочки „ема“, а ако имате среќа, можеби дури и ќе бидете сведок на традиционална јапонска свадба. Денот завршува со искачување на платформата за набљудување на зградата на метрополитенската влада во Токио – ремек дело на архитектот Кензо Танге. Од платформата за набљудување на висина од 202 метри, пред вас ќе се отвори панорамата на Токио – од Шинџуку и Токиската кула до врвот Фуџи. Околу 18:30 ч. – враќање во хотел. Вечера во локален ресторан на кратко пешачко растојание од хотелот. Ноќевање.
Ден 4: 03.04.2026 Појадок во хотелот во 08:00ч., средба со водичот и поаѓање на полудневна тура до Фуџи Јошида. Во 10:30 ч. посета на Аракурајама Сенген парк, каде величествено се издига петкатната Пагода Чурејто. Овде, во пролет, над 650 сакура дрвца расцветуваат истовремено прегрнувајќи ја пагодата и небото во розев вел – симбол на јапонската култура и љубов кон природата. Следува слободно време за ручек во реонот на Дангозака. Попладне ве очекува необично искуство teamLab Planets Tokyo – интерактивен музеј каде искуство, технологија и природа се слеваат во едно. Ќе го почувствувате магичниот свет на визии од светлина и боја. Ќе одите боси по водени површини со огледала, ќе се изгубите во светлечки инсталации, морски длабочини, виртуелни шуми и бајковити простори каде што реалноста и имагинацијата ќе оживуваат пред вас. Секој чекор овде е инспиративен, волшебен и уникатен, а teamLab Planets Tokyo е Токио на иднината - искуство кое ќе го паметите долго време.
Околу 18:00 ч. враќање во хотел. Вечера во локален ресторан на кратко пешачко растојание од хотелот. Ноќевање.
Ден 5: 04.04.2026 Појадок. Во 08:00 ч. напуштање на хотелот, средба со водичот и поаѓање кон Хаконе.
(багажот ќе биде транспортиран директно до Кјото – задолжително подгответе си рачен багаж за едно ноќевање во Хаконе. Во 10:30 ч. посета на Музејот на отворено во Хаконе, къде сред иглолисни шуми и зелени брда ќе откриете хармонија меѓу природа и уникатно искуство. Под отворено небо се расположени скулптури и инсталации на светски познати мајстори како Роден, Хенри Мур, Пикасо и други. Следува посета на светилиштето Хаконе, расположено на брегот на живописното езеро Аши и кратка пауза на знаменитата порта тори - еден од симболите на регионот и омилено место за фотографирање. Ручек во локален ресторан. Во 14:45 ч. посета на Венецијанскиот музеј на стакло - сместен во градина со многу стаклени скулптури кои блескаат и ја прекршуваат светлината на волшебен начин. Во удобната и топла музејска кафетерија ќе можете да се насладите на италијански канцони на живо, што го прави местото уште поромантично. Продолжуваме кон Хаконе и се сместуваме во Susukinohara Ichinoyu – традиционален јапонски хотел, скриен во зеленило. Во меката светлина на хартиените ламби, каде арома на татами се меша со шепотот на природата, може да се опуштите во топла купка во вашата бања, да го доживеете чувството на комплетност, кога телото и душата се спојуваат во совршена хармонија, а времето забавува, давајќи ни моменти на вистински спокој и внатрешен мир. Вечерта ќе заврши со традиционална јапонска вечера каисеки, послужена во ресторанот на хотелот. . Пред тоа, ќе имате задоволство да облечете јуката – лесно памучно кимоно кое ќе ве натера да го почувствувате автентичниот јапонски начин на живот. Ноќевање.
Ден 6: 05.04.2026 Појадок. Во 08:30 ч. напуштање на хотелот, средба со водичот и поаѓање кон Мишима и Кјото. Првото застанување е Mishima Skywalk – најдолгиот пешачки мост во Јапонија кој открива неверојатни сценарија кон вечниот симбол на земјата – планината Фуџи. Кратка пауза во овошната градина Izu Market, каде ќе уживате во аромата на сезонски плодови и ќе вкусите типични јапонски килачи – мала наслада за сетилата. Во 11:15 ч. пристигање на станица Мишима. На секој патник му следува “lunch” пакет. Во 11:46 ч. заминување со брз воз Шинкансен до Кјото. Во 13:37 ч. пристигање, средба со локалниот водич и почеток на програмата. Прошетката низ Кјото е како прошетка низ времето – повеќе од 11 векови историја раскажана низ храмови, градини и уникатна архитектура. Следува традиционална церемонија со чај – ритуал кој во Јапонија е издигнат до култ на естетика. Тоа е миг на хармонија во која секоео движење е искуство, а секоја голтка чај е лекција за убавината и едноставноста. Програмата продолжува со посета на Златниот павилион Кинкакуџи – заобиколен од езерото Кокочи и вековни дрвја. Изграден е како раскошна вила на шогун Ашикага Јошимицу, а подоцна претворен во зен храм, денес е еден од најсјајните симболи на Јапонија. Вечерта следува празник за сетилата – Shabu Shabu вечерра, симфонија од вкусови. Додека аромите на трпезата ве обземаат, магијата на гејшите - чуварите на јапонските традиции, ќе оживее пред вашите очи. Во сјајни кимона и со грациозни движења, тие ќе ја трансформираат вечерта во сцена каде музиката, танцот и вековните ритуали се спојуваат во незаборавно искуство. По вечерата ве очекува прошетка низ квартот Гион, каде фенери ги осветлуваат тесните улички а секоја куќа раскажува историја. Околу 20:30 ч. сместување во хотел Daiwa Roynett 4*. Ноќевање.
Ден 7: 06.04.2026 Во 09:00 ч. средба со водичот и почеток на целодневна тура во Кјото и Нара. Првата пауза е Сагано – позната бамбусова шума со високи стебла кои се извиваат како храм кон небото а играта на лисјата и сенките прават маѓија. Слободно време за ручек во Арашијама – живописен реон на Кјото, полн со продавници и ресторани особено прекрасен во пролет. Продолжување кон Нара – првиот гавен град на Јапонија и дел од светското наследство на УНЕСКО. Посета на Касуга Тајша – храм от VIII век, познат по стотици бронзени и камени фенери. Разглед на Тодаиџи „Големиот храм на истокот“, изграден во 752 г. по заповед на императорот Шому. Тука се издига и симболот на градот – величествената статуа на Буда. Следува прошетка во паркот на срните – еден од најстарите во Јапонија каде над 1100 слободни срни слободно се шетаат со посетителите. Можете да ги храните со специјални оризови крекери „шика сембеј“, а како благодарност од овие мили грациозни животни ќе добиете поклонување – гестура која ги воодушевува сите. Враќање во хотел. Вечера до 21:00ч. во локален ресторан на кратко пешачко растојание од хотелот. Ноќевање.
Ден 8: 07.04.2026 Појадок. Во 9:30 ч. напуштање на хотело и започнување со целодневна тура во Кјото и Осака. Првата пауза е замокот Ниџо – објект на УНЕСКО и резиденција на првиот шогун од династијата Токугава. Во срцето на замокот се наоѓа дворецот Ниномару, составен од пет сврзани згради чии коридори са познати по своите „музички подови“. При секој чекор подот т.е. дрвените даски испуштаат звук сличен на птичји пој – елегантен, но практичен одбранбен систем дизајниран да ги предупреди стражарите и да го заштити шогунот. Трансфер со автобус до Осака. Ручек во локален ресторан. Современа Осака е град на смели контрасти – футуристичка архитектура, екстравагантен ноќен живот и смели кулинарски експерименти. Среде ваков еден виор, се издига Замокот на Осака, изграден во 1583 г. Неговите тринаесет структури од камен се високи и до до 30 м. а петкатната кула и златните орнаменти се симбол на големината и историјата на градот. Прошетката продолжува по познатата улица Дотонбори – срцето на Осака, која никогаш не спие: неонски гигантски реклами го осветлуваат канала, а аромата на такојаки и окономијаки ќе ве поведат низ вистинскиот ритам на градот. Сместување во Hotel Vischio Osaka 4*. Вечера во локален ресторан на кратко пешачко растојание од хотелот. Ноќевање.
Ден 9: 08.04.2026 Појадок и одјавување од хотел. Во 11:00 ч. посета на симболот на градот – импресивната Umeda Sky Building, 40-катен облакодер со откриена обсерваторија на 173 м. височина. Одовде се открива панорама која како да го прегрнува Осака и околината. Слободно време за ручек. Следува специјално културно доживување – јапонска калиграфија и музика. Групата ќе биде поделена на две помали групи за да се почувствува ова доживување поинтимно. Калиграфијата, или Shodo, е древна способност за уметничко пишување со четка и мастило – хармонија меѓу движење, концентрација и мисла. Под звуците на традиционална јапонска музика ќе создадете свои калиграфски творби – искуство во кое уметноста, културата и духовноста се испреплетуваат за да ги допрат сите сетила. Во 15:15 ч. трансфер до Rinku Premium Outlet за шопинг и време за вечера. Во 19:00 ч. трансфер до аеродром Kansai за полет кон Софија преку Истанбул во 22:55 ч
Ден 10: 01.05.2025 Слетување во Истанбул в 05:00 ч. Полет од Истанбул во 07:15 ч. и слетување во Софија во 08:30 ч.
Во цената се вклучени следните услуги:
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Важно:
Минимален број туристи за реализација на програмата е 20. Рок за отказ поради недоволен број пријавени патници е 30 дена пред патување.
Хотели по програмата:
Hotel Monterey Akasaka 4* www.hotelmonterey.co.jp/en/akasaka/ Местоположба: Централно расположен, со лесен достап до основните места како Shibuya, Shinjuku и станицата Tokyo. Исрана: појадок.
Susukinohara Ichinoyu 4* https://www.ichinoyu.co.jp/susuki/eng Местоположба: Централно расположен во близина на градските знаменитости. Исхрана: појадок
Daiwa Roynett Hotel Kyoto Ekimae Premier 4 * https://www.daiwaroynet.jp/en/kyoto-ekimae/ Местоположба: во центар на град и во близина на Централната железница на Кјото. До хотелот има метро и автобуска станица. Исхрана: појадок
Hotel Vischio Osaka 4* https://www.jrwesthotels.com/en/hotels/vischio_osaka/ Местоположба: централно расположен, во близина до станицата Осака, реката Јодо и до замокот Осака. Исхрана: појадок
Начин на плаќање:
Условии за отказ и пенали:
Потребни документи:
Услови за влез во Јапонија: