07.февруари (сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:00 часот. Лет за Венеција W6 7751 во 11:55ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 13:40ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување во хотел… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање
Music, Circus-Theatre, Clowns: Campo Margherita, Giacomo, Geremia, Cassiano, Gesuiti, Formosa, Elena, Galuppi Burano 10:00-13:00 – 15:00-19:00 Free
Street Theatre: Campo Stefano 11:30, 12:30, 14:00, 15:00, 16:00 Free
Carnival Costume Parade St.Mark Square 9:00 to 17:00 Free
Contest Best Carnival Costume St. Mark Square, 12:00, 16:00, 17:00 Free
08.февруари (недела) ВЕНЕЦИЈА-РАЗГЛЕД-КАРНЕВАЛ Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција (вклучено во цена). Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили гондоли е изграден на Плоштадот Свети Марко на 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко (доплата за влезница) од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел во попладневнте часови. Ноќевање
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
10:00 – 17:00ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко
11:30, 14:30ч. Улична театарска претстава на плоштадот Свети Марко
12:00 ч. “Лет на ангелот“ од камбанаријата Свети Марко
09.февруари (понеделник) МУРАНО-БУРАНО-ТОРЧЕЛО Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета (50 еур) на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Приказната започнува од шарениот остров Бурано, надалеку познат по производството на тантела со игли. Кога Леонардо да Винчи го посетил овој остров во 1481 година, од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano, па оттогаш се почнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа. Денес само мал број жени ја изработуваат тантелата на традиционален начин и затоа е многу скапа. Шарениот остров е познат и по различната боја на куќите, традиција која започнала во далечното минато. Имено, кога рибарите се враќале дома, поради густата магла не можеле да ги препознаат своите домови па оттогаш нивните жени започнале да ги бојат куќите во различни јаки бои за да не залутаат нивните мажи. Денес овие куќи се под заштита на УНЕСКО и доколку некој сака да ја промени фасадата на својот дом, мора да испрати барање до Владата која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела. Оттаму продолжуваме кон Мурано (островот на стаклото) каде се произведуваат најубавите лустери, преубави сувенири, накит, чаши,чинии… Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров, па така се до 18. век Мурано држел монопол во производството на стакло. Стакларите биле најценетите граѓани на островот-носеле меч, имале имунитет од казни, можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција… За возврат на сето тоа тие имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло. Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
10:00 – 17:00ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко
15:00 ч. Карневал на островот Бурано
10.февруари (вторник) ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и краток шопинг во Местре. На пладне 11:00 трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 7752 во 14:15ч. Пристигнување во Скопје во 15:50 часот. Организиран трансфер по градови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Венеција – Скопје (со Wizz Air) со рачен багаж 40х30х20 10 кг.
– Сместување во хотел 3* во Местре-Венеција, на база 3 ноќевања со појадок
– Пешачки разглед на градот Венеција со локален водич
– Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 10кг.
– Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Здравствено – патничко осигурување
– Туристичка такса: хотел 3* – околу 2,4€ по лице / ноќевање
– Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело 50€ (јавен превоз, водич, брод)
– Влезници за културно-историските споменици
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Останати ненапоменати трошоци
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните екскурзии потребен е минимум од 15 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 лица, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото да, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.