ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
ПУЛИЈА (БАРИ – МАТЕРА – АЛБЕРОБЕЛО – ЛОКОРОТОНДО – ОСТУНИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ)
Пулија е сместена на петата на италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и познатото вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е и по одличното маслиново масло, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејсажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.
06. Март (Петок) СКОПЈЕ – БАРИ Состанок на аеродромот во Скопје во 15:15 часот. Полетување за Бари во 16:45 и пристигнување во 17:55 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во главниот град на регионот Пулија и уживање во шармот на Бари. Ноќевање.
07. Март (Сабота) БАРИ – МАТЕРА Појадок. Разглед на Бари, чија најпозната знаменитост е базиликата Св. Никола. Во близина се наоѓа и катедралата изградена во византиски стил, а постојат и остатоци од норманската тврдина. Прошетката во центарот каде се наоѓаат и театрите Петруцели и Маргерита и Променадата Лунгомаре Императоре Аугусто... Патувањето продолжува до познатата Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО - Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, катедралата, фонтаната на љубовта... Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во хотелот во Бари во вечерните часови. Ноќевање.
08. Март (Недела) БАРИ - АЛБЕРОБЕЛО – ЛОКОРОТОНДО Појадок. Организиран превоз до хотелот во Алберобело и сместување. Пешачка прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Шетајќи се низ уличките, ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтичното и единственото место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме посета на Локоротондо, градот на балконите и еден од најубавите мали градови во Италија (со јавен превоз). Тука, не само што куќите имаат свои броеви, туку и секој балкон е нумериран. Пешачки разглед на гинисовиот рекордер со најмногу "о" букви во своето име, кое во превод значи "кружно место" и прошетка по најинтересниот историски центар со тркалезна форма. Ноќевање.
09. Март (Понеделник) АЛБЕРОБЕЛО – ОСТУНИ - ПОЛИЊАНО А МАРЕ – БАРИ – СКОПЈЕ Појадок. Уживањето продолжува со попатна посета на белиот град Остуни. Потоа, одиме во едно од најубавите приморски гратчиња во Пулија, Полињано а Маре. Ова е сеуште, една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи целата своја автентичност и шарм. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, прикажуваат посебна магија. Во градот се наоѓа и скулптурата на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Трансфер до аеродромот во Бари, полетување за Скопје во 18:30 и пристигнување во 19:45 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра (37.150 денари)
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето