ДУБАИ СО ЛЕТ ОД СКОПЈЕ- групно поаѓање со водич
Сигурна реализација!
Термини: 12-18 Фебруари
15+ посети вклучени во цената!!!
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ:
789€
(48.918 денари)
ДЕТЕ ДО 11.99 ГОД. ВО СОБА СО 2 ВОЗРАСНИ ЛИЦА:
475 € (29.450 денари)
(без дополнително легло)
ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА:
299 € (18.538 денари)
1 Ден Состанок на групата на аеродромот во Скопје во попладневните часови околу 14:30 часот. Лет за Истанбул во попладневните часови. Слетување во Истанбул и продолжување на летот за Шаржа/Дубаи.
2 ден По слетувањето во Дубаи во утринските часови, трансфер до хотелот во Дубаи, оставање на багажот и посета на “Madinat Jumeirah”- мала Венеција, место за релаксација каде што ќе ги вкусиме најубавите цимет ролнички или торта од пекан ореви и ќе го испиеме кафето со најубавиот поглед кон “Burj Al Arab”.
Враќање во хотелот, влез во хотелот, во попладневите часови, ужување на некоја од плажите во Дубаи.
Враќање во хотелот индивидуално. Ноќевање
3 ден Појадок во хотелот. Излет - целодневен разглед на Дубаи (вклучен во цената). Овој ден е наменет за уживање во убавините на Дубаи. Посетата ја започнување со посета на “Zaabel Palace” – официјалната резиденција на кралската фамилија “Al Maktoum”, посета на музејот на иднината (без вклучена влезница), посета и сликање до џиновската рамка “Dubai Frame”. Прошетката ја продолжуваме кон стариот дел на Дубаи Бастакиа, каде што ќе ги видиме традиционалните куќи на некогашните номади. Крикот го поминуваме со традиционалната абра (чамец) и стигнуваме до пазарот за злато и зачини. Овде, покрај неодоливите ориентални мириси од зачините и парфемите, ќе го видиме и најголемот златен прстен во светот кој уште во од 2000 та година гордо го држи гинисовиот рекорд за најдолем златен прстен во светот. Разгледот продолжува кон Етихад музејот и следна станица ни е џамијата “Al Farooq Omar Bin Al Khattab”. Правиме неверојатни слики со фамозниот хотел едро “Burj Al Arab” и со монореил се возиме се до Палмата и познатиот хотел “Atlantis The Palm” . Следна дестинација ни е “JBR skyline from Palm Jumeirah” од каде правиме слики од милион долари. Дубаи Марината, дел од градот каде можете да ги најдете најексклузивните ресторани и клуб плажи. И како последна станица но не помалку интересна ”Dubai mall”, познатиот трговски центар со преку 1200 продавници, во чија близина ќе го посетиме познатиот водопад, Дубаи аквариумот (без влезница), стаклениот прозоред и неверојатните танцувачки фонтани како и фантастичната “Burj Khalifa”- највисоката кула во светот . Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден Појадок во хотелот. Можност за факултативна посета на “Miracle gardens” и “Global village”, како и искачување на “Burj Khalifa”- највисоката кула на светот.
“Burj Khalifa”- искачете се на највисоката кула во светот се до 124 кат и имајте го цел Дубаи на дланка од височина на облаците.
“Miracle gardens” - магични цветни градини кои пленат со неверојатната цветна изложба. Тука ќе видиме уште еден гинисов рекорд - авион во природна големина направен од милиони цветови.
“Global village” – огромен панаѓур со хали од различни делови од светот, декорирани и изведени како да влегувате во секоја од државите која ја претставуваат.
Враќање во хотелот индивидуално. Ноќевање.
5 ден Појадок во хотелот. Индивидуална посета на некоја од познатите плажи.
Во попладневните часови, можност за факултативен изглед, пустинско сафари. Адреналинско доживување какво до сега не сте доживеале - лудо возење по високите пустински дини, магични слики и бордање на песок, сликање со камили, слики со традиционална арапска облека и цртање со кна се само дел од активностите кои ќе ги искусиме. По возењето, посета на импровизиран бедуински камп и вклучена вечера со традиционални танци, стомачен танц, дервиши, фрлачи на оган и што ли уште не. Враќање во хотелот. Ноќевање.
6 ден Појадок во хотелот. Ден за ужување на некоја од познатите плажи или во вечерните часови, можност за факултативен излет крстарење по Марината со вклучена вечера. Магичен призор на Дубаи од вода, вклучена вечера со танцувачи, стомачни танчери...Враќање во хотелот. Ноќевање.
7ден Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во раните утрисни часови и трансфер за аеродромот во Шаржа. Лет за Скопје со преседнување во Истанбул. Слетување во Скопје во претпладневните часови.
Крај на програмата.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 16 лица.
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Факултативни излети:
Oпшти услови: