Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловор, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот.
Термин 06 Март
1 ДЕН 06.03.2026 СКОПЈЕ Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 07.03.2026 НИЦА Oчекувано пристигнување во Ница околу пладневните часови. Започнуваме со прошетка низ ‘’кралицата’’ на Азурниот брег - Ница. Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Попладне можност за прошетки и индивидуални активности во Ница. Ноќевање.
03 ДЕН 08.03.2026 СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата...Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 ДЕН 09.03.2026 АНТИБ –СВ. МАРГАРИТА –КАН: Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)... а потоа препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан, - Ексклузивна и ретка најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје... Продолжуваме со прошеткам и можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината.... Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Во вечерните часови враќање во Ница. Ноќевање.
05 ДЕН 10.03.2026 ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ: Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 11.03.2026 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 30.12.2025: 269 € / 16.680 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 € / 18.540 ден
ПРОМО цената е важечка со резервација на пакет излети
БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР од Битола, Прилеп, Неготино и Велес.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Азурен брег - 190€
НАПОМЕНИ: