Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Венеција во 12:35 и слетување во 14:30 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните
острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно
незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде
се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална
венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто
во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Во вечерните
часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет…
Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по
Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите
романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте,
Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови.
Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и
шопинг. Трансфер до аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:00 и
слетување во 16:45 часот.
ЦЕНА по лице 333 еур 20.650 мкд |
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авионски превоз на релација
Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
- Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
- Сместување во хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Венеција/ Местре со 3 ноќевања со појадок
- Разглед на Венеција
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии
55х40х23см до 10кг)
-Багаж за чекирање 1 куфер до 20кг
- Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50€
- Посета на Верона 50 €
- Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 €)
- Патничко –
здравствено осигурување
(информации во агенција)
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето