ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ХОТЕЛ АКРОПОЛИС 3* - ФУРКА
39.988048236459555, 23.379960153449144
Хотел-Акрополис 3* се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна конзумација во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченоста од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот - одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
- Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
- Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а може бесплатно да се користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.
Распоред на соби:
БЛОК А
1 спрат – А12 1/4 studio DBL+2SGL
1 спрат – А13 1/4 duplex DBL + SGL
1 спрат – А14 1/4 duplex DBL+2SGL
БЛОК C
приземје C4 1/3 studio DBL+SGL
приземје C5 1/4 duplex DBL+2SGL
1 спрат C10 1/3 studio DBL+SGL
1 спрат C11 1/4 duplex DBL+2 SGL
2 спрат C14 1/3 studio DBL+SGL
2 спрат C15 1/3 studio DBL+SGL
2 спрат C16 1/4 duplex DBL+SGL
|
Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики 2026 |
||||
|
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2025 -15% до 31/12/2025 -10% 28/02/2026 |
||||
|
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 50%, |
||||
|
а остатокот спрема табелата на попусти. |
||||
|
Најбараната апартманска понуда за фамилии на мирната страна на Халкидики. |
||||
|
Хотел-апартмани Акрополис 3* Фурка |
1/3 студио |
1/4 студио |
1/4 апартман |
Напомена |
|
Термин/Услуга |
наем |
наем |
наем |
|
|
23.05-30.05. |
129 |
159 |
179 |
промо |
|
30.05-06.06. |
179 |
199 |
229 |
промо |
|
06.06-13.06. |
249 |
269 |
289 |
промо |
|
13.06-20.06. |
289 |
309 |
339 |
|
|
20.06.-27.06. |
369 |
399 |
419 |
|
|
27.06.-04.07. |
429 |
459 |
489 |
|
|
04.07.-11.07. |
489 |
499 |
539 |
|
|
11.07.-18.07. |
539 |
569 |
599 |
|
|
18.07.-25.07. |
619 |
649 |
689 |
|
|
25.07.-01.08. |
619 |
649 |
689 |
|
|
01.08-08.08. |
619 |
649 |
689 |
|
|
08.08-15.08. |
619 |
649 |
689 |
|
|
15.08.-22.08. |
619 |
649 |
689 |
|
|
22.08-29.08 |
539 |
569 |
599 |
|
|
29.08-05.09. |
419 |
449 |
479 |
|
|
05.09-12.09. |
329 |
359 |
389 |
|
|
12.09-19.09. |
259 |
289 |
319 |
промо |
|
19.09-26.09 |
189 |
219 |
259 |
промо |
|
Цените се дадени за наем на СТУДИО за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД. |
|
Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, |
|
балкон, паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки. |
|
Сите апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка. |
|
Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен. |
|
Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок |
|
од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга. |
|
Постои и можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Еур по лице за 7 дена. |
|
Информации и резервации во агенција. |
|
Термините обележани со црвено се промо, и не подлежат на попуст. |
|
На плажата, оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување на свои лежалки, |
|
или пак изнајмување само со нарачка на пијалок. |
|
Автобуски превоз 50 € Скопје, Велес, Кавадарци. Деца од 2 до 11,99 год: попуст 10 € од редовната цена |
|
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 50%, а остатокот спрема табелата за попусти. |