ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
Милано (Џенова - Лугано - Комо - Сирмионе)
“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на светската мода. Се е предодредено на модата , од архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во опера, театар или во многубројните клубови.
Термин 06 Март
1 ден 06.03.2026 СКОПЈЕ Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00 часот. Поаѓање за Верона во 10:30 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден 07.03.2026 МИЛАНО - Планирано пристигнување во Милано во предпладневните часови. По пристигнувањето одиме на факултативен разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки... Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2026 МИЛАНО - ЏЕНОВА - Outlet Shoping Centar Seravale Појадок. Предлагаме целодневен излет до Џенова... вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот (под заштита на УНЕСКО) - Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг . По посетата на Џенова, Ве водиме во Outlet Shoping Cenatr Seravale. Слободно време за шопинг. Враќање во Милано. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
4 ден 09.03.2026 МИЛАНО- ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) - КОМО Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука холивудскиот џет-сет има свои вили (Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од познатите вили. Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.
5 ден 10.03.2026 МИЛАНО –СИРМИОНЕ- СКОПЈЕ Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Слободно претпладне во центарот на Милано Во договор со водичот патувањето продолжува кон Сирмионе - езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
6 ден 11.03.2026 СКОПЈЕ Пристигнување Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 30.12.2025: 239 евра / 14.820 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269 евра / 16.680 денари
БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР од Битола, Прилеп, Неготино и Велес.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ 175€
НАПОМЕНИ: