СПА уживање за 8-ми Декември 

Интерхотел Сандански 4*- Бугарија

Период 05.12.-08.12.2025 година

2 или 3 ноќевања

Интерхотел **** Сандански е најголемиот СПА комплекс во Југозападна Бугарија. Лоциран во центарот на Сандански во близина на главната пешачка улица и паркот. На само 40 км од Македонската граница. (Ново село - Струмичко / ГП Златарево - Петрич), овој регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Во областа има над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С.  
 Ресторанот “Сандански”е најголем во градот со капацитет од 320 седишта и голема тераса, Медитерански ресторан “Ренесанса” е декориран во медитерански стил, механата “Булгари”е национален ресторан со вкусна храна. Лоби барот на хотелот нуди пријатна атмосфера а барот на базенот нуди тонизирачки пијалоци, свежо цедени сокови и свежи коктели.Овој хотел е најголемиот балнео и СПА комплекс во југозападна Бугарија, со модерен СПА центар, благодарение на полезните својства на водата. За децата во хотелот има современо декорирано детско катче.
 

244 € за 2 лица, за 2 ноќевања со појадок, СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ!
378 € за 2 лица, за 3 ноќевања со појадок, СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ!

Во цената Е вклучено:

2 или 3 ноќевања со појадок;
Користење на сауна, парна бања, фитнес центар, затворен базен со минерална вода, отворен базен со минерална вода, отворен термален базен со минерална вода
Лежалка и крпи покрај базените;
Безжичен интернет во целиот хотел;
Паркинг;
Сеф на рецепција;
Детско катче со аниматор;
Туристичка такса.

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги

Цените се во €, се плаќа во денари, 1 € = 62 денари