Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Термин 05 Декември
1 ден 05.12.2025 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 06.12.2025 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Сместување во хотел... Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден 07.12.2025 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Враќање во Будимпешта... предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Враќење во хотел. Ноќевање.
4 ден 08.12.2025. БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. Препорачуваме посета на Виена, со попатна посета на
OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF… панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта во вечерните часови и веднаш поаѓање за Македониуја. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 09.12.2025 СКОПЈЕ Предвиденио пристигнување во Скопје на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски во утринските часови .
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 10Oктомври: 169 € / 10.480 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:189€ / 11.720 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: