Празнична понуда што ќе Ве релаксира

Wellness & Spa Therme Bukurest

Најголемиот Spa центар во Европа

 (16.01.2025 – 20.01.2025)

 

Прв ден: 16.01.2025 (четврток) Заминување на групата во 17:00 часот од Скопје кон Романија со туристички автобус. Патувањето е преку Република Бугарија.

Втор ден: 17.01.2025 (петок) Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Разгледување на Романската престолнина на контрастите, еден од најголемите градови во Централна и Источна Европа кој често го нарекуваат „Мал Париз“ заради автентичната архитектура: Патријаршиската Катедрала,  Триумфалната капија, некогашната Кралска Палата, Универзитетската библиотека, Храмот на музиката - Филхармонијата „Атенум“, Народниот театар, Парламентот-втората по големина административна зграда после Пентагон. По организираниот разглед, сместување на групата во хотелот „Rin Central“ 4* www.rinhotels.ro во непосредна близина на центaрот на градот. Слободно попладне  за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање.

Трети ден: 18.01.2025 (сабота)  Појадок. Денеска е ден за релаксација, регенерација и целосно уживање во најголемиот wellness и relax центар во Европа. Покрај својата уникатност, иновација и огромна инвестиција од страна на Австриската A-Heat групација, овој парк распослан на површина од 250.000 квадратни метри не содржи само базени со термална вода, туку и најголема затворена и отворена ботаничка градина во која вегетираат преку 800.000 растенија и стотина видови дрвја, вклучувајќи ја и најголемата плантажа со палми во Европа. Слободно време за користење на базените и спа центарот. Осум затоплени базени се главниот адут на Therme Bukurest каде водата има константна температура од 33 степени. Таа термална вода извира на длабочина од 3100 метри, а она што е карактеристично е дека водата во базените не се прочистува со хлор, туку во пет еколошки процеси без употреба на хемиски супстанции. Сауните се посебна атракција во Therme Bukurest... најпопуларниот третман се вика „течно злато“, а можете да пробате најразлични квалитетни третмани за релаксација и нега. Во вечерните часови целиот центар е осветлен и потсетува на сценографија од филмот Avatar. Враќање во хотелот во Букурешт. Ноќевање. 

Четврти ден: 19.01.2025 (недела)  Појадок. Заминување  на групата кон кралскиот дворец Пелеш, поранешната летна резиденција на Романското кралско семејство (факултативно). Разгледување на најубавиот дворец во Европа, а потоа слободно  време за прошетка низ градините кои изобилуваат со впечатливи камени фигури. Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

Петти ден: 20.01.2025 (понеделник)  Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување на 21 Јануари во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    299 евра (18.540 денари)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 - Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотелот „Rin Central“ 4* во непосредна близина на центарот на Букурешт

- Целодневно уживање во најголемиот wellness и relax центар во Европа Therme Bukurest со вклучена влезница

- Организиран разглед на Букурешт

- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Доплата за еднокреветна соба - 80 евра за трите вечери

- Туристичка такса– 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Посета на дворецот Пелеш со вклучена влезница – 35 евра

- Патничко осигурување
За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници