ЛЕТО 2026 – ШПАНИЈА
БЕНИДОРМ - Луксузот на шпанската Коста Бланка
Добредојдовте во Бенидорм, бисерот на шпанската Коста Бланка, познат по своите прекрасни плажи, раскошна клима и енергичен дух. Овој град, често нарекуван „Менхетен на Медитеранот,“ е популарна дестинација за патници од целиот свет кои бараат комбинација од забава, одмор и култура.
Бенидорм е идеална дестинација за семејства, парови или пријатели и е совршен избор за патници кои бараат комбинација од релаксација, забава и културно истражување. Без разлика дали сакате да лежите на плажа, да истражувате нови вкусови или да уживате во адреналински активности, Бенидорм ќе ги исполни сите ваши очекувања!
– Највисокиот хотел во Европа и Симбол за луксуз во Бенидорм. Овој хотел е визуелна атракција и архитектонско ремек-дело. Сместен на неколку метри од познатата Пониенте Плажа, Gran Hotel Bali нуди спектакуларни погледи на Средоземното Море и на целиот град Бенидорм. Благодарение на својата локација, гостите можат лесно да пристапат до плажите, локалните атракции и трговските зони.
Gran Hotel Bali е познат како еден од највисоките хотели во Европа, со висина од 186 метри и 52 ката. Овој монументален објект е симбол на модерниот Бенидорм, нудејќи комбинација од удобност, луксуз и неверојатни погледи од своите панорамски тераси. Совршен избор за оние кои бараат луксузен престој, врвни услуги и уникатно искуство во Бенидорм. Без разлика дали патувате со семејството, со партнер или со пријатели, овој хотел ќе го направи вашиот одмор незаборавен!
Просторните соби на Бали се уредени во елегантни неутрални тонови. Сите соби имаат сателитска телевизија, сеф и минибар. Достапен е и Wi-Fi. Гостите можат да уживаат во оброци на шведска маса во двата ресторани на хотелот. Исто така, има бар покрај базенот и диско-бар. Gran Bali нуди целосна програма за анимација, а располага и со игротека со пинг-понг и маси за билијард.
Спа-центарот на Gran Hotel Bali & Spa вклучува сауна, теретана и џакузи. Може да се резервираат масажи и различни третмани за убавина. Влезот во спа-центарот и третманите се со доплата.
Сместен во тивката област Ла Кала во Бенидорм, Gran Hotel Bali & Spa е на само 5 минути пешачење од плажата Пониенте. Забавниот парк Тера Митика се наоѓа на околу 3 км.
Полнпаснион + Трансфер + Авионски билети
|
Датум |
Ноќи |
Цена по лице |
Цена за 3-то лице. |
Цена за дете од 02-11.99 год. |
Доплата за Single соба. |
|
19 – 26.06.26 |
7 |
879 € |
799 € |
599 € |
35€/по лице /од вечер |
|
17 – 24.07.26 |
7 |
979 € |
899 € |
699 € |
45€/по лице /од вечер |
|
03 – 10.08.26 |
7 |
1095 € |
999 € |
799 € |
55€/по лице /од вечер |
Во цената е вклучено:
-Авионски билет со лет од Тирана со авиокомпанијата Wizz Air, со вклучени аеродромски такси TIA 18:05-VAL 21:00 | VAL 21:40-TIA 00:20
-Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
-Трансфер аеродром – хотел – аеродром
-Рачен багаж според правилата на авиокомпанијата
-7 ноќевања на база полн пансион во Gran Hotel Bali 4*
-Дете од 0–2 години плаќа само 80 € за аеродромски такси
Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба и вклучува: Полн пансион + Трансфери Скопје-Тирана-Скопје + Авио Билет
Во цената не е вклучено:
-Патничко осигурување
-Туристичка такса во хотел: (се плаќа на рецепција при сместување)
-Доплата за СПА центар: (се плаќа директно во хотел)
-Доплата за соба со поглед на море: (се плаќа во агенцијата)
ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ - Целодневна посета на Валенсија со водич – град со безвременска магија - 85€ по лице Времетраење на турата: 09:00 – 19:30
Од модерниот Биопарк – зоолошка градина каде животните живеат во природно опкружување – стасуваме до футуристичкиот Град на уметностите и науките, дело на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Во овој комплекс се наоѓаат:
Нашата прошетка продолжува кон Plaza de la Virgen, еден од најстарите плоштади во градот, каде се наоѓа прекрасната Фонтана Турија. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според преданието, се чува Светиот Грал. За оние што сакаат мал предизвик, се нуди качување на Торањот Мигелете – 214 скалила со поглед што го одзема здивот.
Навлегуваме во Барио дел Кармен, кварт исполнет со тесни улици, живописни фасади и историја на секој чекор. Тука се наоѓа и најтесната куќа во светот – широка само 107 сантиметри!
Следува посета на Централниот пазар, вистински гастрономски рај каде мирисите, боите и вкусовите на Валенсија се претвораат во доживување.
Не ја изоставуваме и Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и елегантниот Mercado de Colón, симбол на модернистичката убавина на градот.
Валенсија не е само град – тоа е совршена комбинација на историја, уметност, вкус и енергија. Подгответе се за екскурзија што навистина ги буди сите сетила!