ДУБАИ
МАРТ 2024

ТЕРМИН НА ПОЛЕТУВАЊE:   02.03.2024
ЦЕНА 1.180 ПО ЛИЦЕ

 

Лет од Софија со 3 екскурзии вклучени во цена:
1. Абу Даби 8-часовна екскурзија
2. пустинско сафари со џипови
возење со џипови, сурфање на песочните дини, јавање камили, тетовирање со хена, наргиле, вечера, чај, безалкохолни пијалоци, арапски танци...
3. посета на Дубаи Сафари Парк – https://dubaisafari.ae/
дом на 3000 животински видови поделени во 4 зони: азиска, афричка, арапска и истражувачка, движење низ паркот со отворени вовчиња и средба со лавови, тигри, жирафи, лемури, фламинга...

 

Цената вклучува:
- Лет од Софија со авиокомпанија Визер на релација Софија – Абу Даби - Софија
- аеродромски такси, чекиран багаж од 20кг, рачен багаж
- трансфер аеродром-хотел-аеродром
- 7 ноќевања со појадок во хотел
AVANI IBN BATTUTA 4*
- целодневна екскурзија Абу Даби со вклучена посета на џамијата Шеик Заед, традиционалната пустинска населба
Heritage Village, претседателскиот дворец Qasr Al Watan
- посета на Дубаи Сафари Парк
- пустинско сафари со џипови
- претставник од тур-операторот за време на целиот престој
НАПОМЕНА: дете од 0 – 6 години дели кревет со родители, при сместување на трет возрасен или дете од 6 – 12 години се земаат две одделни соби со сврзани врати

Цената не вклучува:
-
виза за влез во ОАЕ – ве молиме информирајте се во агенцијата
- трошоци од личен карактер
- доплата за полупансион (7 вечери или 7 ручеци) 150 еур за возрасен или 80 еур за деца од 2 – 6 години
- доплата за полн пансион (7 ручеци и 7 вечери) 300 еур за возрасен, 150 еур за деца од 2 – 6 години
- факултативни излети:
-Градината на чудата + градината на пеперутките 60 еур за возрасен, 50 еур за дете 2-12 год.
-Музејот на Иднината (влезна такса) 80 еур за возрасни и за деца
-Аквариум и подводен зоопарк во Дубаи Мол 45 еур за возрасен, 35 еур за деца 2-12 год.
-Вечерно крстарење по Дубаи Марина со вклучена вечера  65 еур за возрасен, 55 еур за деца 2-12 год.
-Целодневна тура до Бурж Калифа и Фонтаните 60 еур за возрасни и деца
-Целодневна тура до Стариот Дубаи, арапските пазари, Мала Венеција, Рамка на Дубаи 65 еур за возрасен, 55 еур за деца 2-12 год.
-Глобал Вилиџ 40 еур за возрасен, 25 еур за деца 2-12 год.
Задолжителни доплати:
- туристичка такса која се плаќа на рецепција во хотелот – околу 4 еур по лице по ноќ

ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ:
ДЕН 1:
средба на групата на терминал 1 на аеродром во Софија. Директен лет до Абу Даби. Слетување и трансфер до хотел со времетраење оку 2 часа. Сместување. Ноќевање
ДЕН 2: Појадок. Информативна средба со претставник од агенцијата. Слободно време за плажа или екскурзија:
The view at the Palm (60 еур за возрасен, 50 еур за деца) – најновото место за уживање во уникатен поглед на Дубаи од висина на 240 м.над светски познатата Палма Џумеира. Ноќевање
ДЕН 3: Појадок. Слободно време за плажа или целодневна тура со застанувања на
“The Point”, Мала Венеција, Медина Џумеира, новата атракција Рамка на Дубаи со влезна такса и водич. Слободно време за ручек во областа Al Seef. Пловење по каналите со бродче Абра, посета на пазарот за злато и пазарот на зачини. Ноќевање.
ДЕН 4: Појадок. Посета на Дубаи Сафари Парк (вклучено во цена). Попладне, факултатива крстарење по Дубаи Марина со вечера. Ноќевање.
ДЕН 5: Појадок. Слободно време за плажа или екскурзија
Dubai Mall & Burj Khalifa. Ноќевање
ДЕН 6: Појадок. Слободно време за плажа или полудневна екскурзија до Шаржа и до Глобал Вилиџ. Ноќевање.
ДЕН 7: Појадок. Тура Пустинско Сафари (вклучено во цена). Факултатива Градината на чудата + градината на пеперутките. Ноќевање.
ДЕН 8: Појадок и одјавување од хотелот. Целодневна тура до Абу Даби (вклучена во цена) Трансфер до аеродром. Лет за Софија и слетување на терминал 2.

Саатници на полетувања (подложни на промена)
Софија – Абу Даби 14:05 – 21:10
Абу Даби – Софија 21:45 – 01:30

Туроператорот го задржува правото на промена на распоредот на екскурзиите и времето на посета на истите во зависност од состојбата на терен.

Услови за резервација: при резервација се плаќа 50% од вкупната сума на аранжманот, доплата 21 ден пред поаѓање. Документи за патување се издаваат 7 дена пред патување.
Услови и пенали при отказ: Доколку патникот го откаже аранжманот до 30 дена пред полетување, плаќа пенал од 50%. Доколку патникот го откаже аранжманот од 30 – 01 ден пред полетување пеналот за отказ е 100%
ВАЖНО: Потребен број на патници за реализација на аранжманот е 20 лица Туроператорот го задржува правото да направи промена на програмата Авиокомпанијата го задржува правото да направи промена во времињата на полетување и слетување.