КАРНЕВАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА
(со посета на Верона)

 
авионска програма / 3 ноќи


 
07.февруари 2027 (недела) СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА  Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:00 часот. Лет за Венеција W6 7751 во 17:00ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 18:45ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување во хотел… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање1.
Карневалска програма:
 Music, Circus-Theatre, Clowns:
Campo Margherita, Giacomo, Geremia, Cassiano, Gesuiti, Formosa, Elena, Galuppi Burano 10:00-13:00 – 15:00-19:00 Free
Street Theatre: Campo Stefano 11:30, 12:30, 14:00, 15:00, 16:00 Free
Carnival Costume Parade St.Mark Square 9:00 to 17:00 Free
Contest Best Carnival Costume St. Mark Square, 12:00, 16:00, 17:00 Free
 

08.февруари 2027 (понеделник) ВЕНЕЦИЈА-РАЗГЛЕД-КАРНЕВАЛ
Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција (вклучено во цена). Пристигнување со јавен превоз до центарот на  Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили – гондоли, изграден на Плоштадот Свети Марко на 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Наводно, така и се случило… Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко (доплата за влезница) од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна…  Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел во попладневнте часови. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање2.
Програма на карневалот:
 
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
 10:00 – 17:00ч.  Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко
 11:30 - 14:30ч. Улична театарска претстава на плоштадот Свети Марко
 12:00 ч. “Лет на ангелот“ од камбанаријата Свети Марко

09.февруари 2027 (вторник) ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета (50 еур). Организирана екскурзија со воз, локален транспорт и  локален водич (факултативно 60 еур) за најрматичниот град  на светот -Верона. Многу туристи сосема забораваат на Верона, брзајќи да ги посетат Рим, Тоскана и Венеција, а овој град е едно од најдобрите места за вкусување на автентична храна и вино, па и  еден од најубавите региони на Италија.  Верона е поспан, мирен град кој не е така полн со туристи, како што се поголемите градови во Италија, но нуди многу сетилни задоволства, поаѓајќи од вкусната храна и вино, до посебни прекрасни глетки. Ќе направиме пешачка тура низ градот  и ќе ги посетиме  културно историските артефакти кои се сите тука, близу сместени едни до други. Ќе ги видиме Плоштадот „Бра“ каде се наоѓа големата арена, мостот „Ponte Pietra“, музејот „Castelvecchio“ и ќе уживаме во погледот кон целиот град од кулата „Lamberti“. И секако, атракција која не треба да се пропуштиме е добро познатиот балкон на Јулија (дополнителна влезница  5 еур). Градот е преполн со мали и големи места каде со сигурност ќе пробаме добра храна, а меѓу нив, се рестораните „Re Teodorica“ и „Ristorante 12 Apostoli“. Кога одите во Верона, вреди да ги пробате локалните вина како „Amarone“ и „Campofiorin“. Градот е опколен со прекрасни богати лозја како „Masi Tenuta Canova“ кои можете да ги посетите и како турист. Враќање во Местре во попладневните часови. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање3.

10.февруари 2027 (среда) ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и краток шопинг во Местре. На пладне 12:30 трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 7752 во 15:30ч. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот. Организиран трансфер по градови.
 

Цена на аранжманот: 398 € (24.676 мкд) 

Цена за уплата до 31/12/2026: 370€ (22.940 мкд)

Доплата за еднокреветна соба 98 Еур. Деца 2-12 години 299 Еур.
 

Во цената на аранжманот е вклучено:
 – Авионски превоз на релација: Скопје – Венеција – Скопје (со Wizz Air) со рачен багаж 40х30х20 10 кг.
 – Сместување во хотел 3*  во Местре-Венеција, на база 3 ноќевања со појадок
 – Пешачки разглед на градот Венеција со локален водич
 – Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 10кг.
 – Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
 – Организација на аранжманот и придружник на патувањето


 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Здравствено – патничко  осигурување
 – Туристичка такса: хотел 3* – околу 2,4€ по лице по ноќ
 – Факултативена екскурзија Верона 60€ (јавен превоз, водич)
 – Влезници за културно-историските споменици
 – Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
 – Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
 – Повратен трансфер аеродром Скопје 15 Еур
 (Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес)
 – Останати ненапоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
 – За реализација на факултативните екскурзии потребен е минимум од 15 патници
 – За овој аранжман важат Општите услови за патување 

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!
 * За овој аранжман важат Општите услови за патување
 * За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
 * Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
 * Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
 * Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување: 
 – Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
 – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
 – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.