МАЈСКИ ПАТУВАЊА
MАДРИД И ТОЛЕДО

 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања


22 мај (петок) СКОПЈЕ – МАДРИД Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Лет за Мадрид W6 4815 во 16:50ч. Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање.

23 мај (сабота) МАДРИД (панорамски разглед) Појадок. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич: Мадрид е основан од Арапите во 9 век за да служи како одбрана за тогашниот главен град на Шпанија - моќниот Толедо. Два века подоцна, бил освоен од христијаните, а во 1561 година, поради одличната положба, кралот Филип II го направил свој главен град. Денес, Мадрид е космополитски главен град на традицијата и забавата. Град на уметнички галерии и музеи исполнети со богатства од шпанската историја: Прадо, најважниот музеј во Шпанија; Реина Софија, уметнички музеј од 20 век, во кој, меѓу другото, се наоѓа и познатата „Герника“ на Пикасо; Музејот Тисен-Борнемица, кој ја претставува историјата на западната уметност, од италијанската и фламанската до експресионизмот и поп-артот. Шпанскиот плоштад, со масивен обелиск посветен на писателот Сервантес и ликовите од неговиот познат роман „Дон Кихот“. Гран Виа, главната сообраќајна артерија на модерен Мадрид, фантастичен пример за архитектурата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век во кој можете да го видите хронолошкиот развој на градот до модерните солитери. Оваа улица е и моден центар со бројни мега-продавници. Египетскиот храм Дебод од 2 век п.н.е. кој државата Египет ѝ го подарила на Шпанија како знак на благодарност за помошта во спасувањето на други споменици. Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа. Пуерта дел Сол или Порта на Сонцето, плоштад на кој доминира големата статуа на исправена мечка потпрена на дрво, што е заштитен знак и симбол на градот. Пуерта де Алкала или Триумфална Порта, катедралата Алмудена... Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

24 мај (недела) МАДРИД – ТОЛЕДО Појадок. Можност за факултативна екскурзија до Толедо (околу 70 км), градот на музеите, некогашен главен град на Шпанија, кој е под заштита на УНЕСКО. Велат дека во Шпанија има позначајни и поубави места, но ниту едно не е поромантично и поживописно од Толедо. Со цел да се овековечи бајковитиот поглед на овој град во кој доминира стилот познат во Шпанија како „платареск“, комбинација од готика и ренесанса карактеризирана со разиграни декорации на столбовите и фризовите на зградите. Панорамски разглед на: Катедралата - некогашно седиште на католичките кралеви, манастирот Сан Хуан де лос Рејес од крајот на 15 век кога поголемиот дел од еврејското население било протерано од Толедо; потоа имало 11 активни синагоги, денес преостанатите две се претворени во музеи, Синагогата дел Транзито и Санта Марија ла Бланка попозната како „белата“ синагога, црквата Св. Тома во која се наоѓа ремек-делото на Ел Греко - „Погребувањето на грофот од Оргас“. Враќање во Мадрид. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

25 мај (понеделник) МАДРИД – СКОПЈЕ Појадок. Одјава од хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Мадрид. Ви препорачуваме да го посетите музејот Прадо кој е еден од најбогатите музеи во светот, со најдобрата колекција на дела од познати шпански уметници: Ел Греко, Гоја, Веласкез... Прошетка по најпопуларната улица во Мадрид - Гран Виа. Улицата е полна со клубови, ресторани, продавници за облека, театри и кина. Гран Виа се смета за Бродвеј на Шпанија. Можност за посета на кралската палата со својата импресивна и елегантна архитектура; со години е резиденција на кралското семејство. Паласио де Ориенте, со други зборови е чувана од кралската гарда и денес се користи за државни церемонии и приеми... Трансфер до аеродромот во Мадрид во 18:00ч. Лет за Скопје W6 4816 во 21:25ч. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот наредниот ден 26.05.2026 рано наутро.
 

Цена на аранжманот: 589€ (36.518 мкд) со вклучен панорамски разглед на градот со локален водич
Во претпродажба за ограничен број на места: 539 (33.418мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Мадрид - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во Мадрид во хотел DWO YUSTE *** -  3 ноќевања со појадок
 - Панорамски разглед на Мадрид со локален водич и организиран превоз
 - Рачна торба торба (20x40x30cm) до 10кг
 - Oрганизирани трансфери во Мадрид: аеродром - хотел - аеродром
 - Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко здравствено осигурување
- Туристичка такса: 3 до 5 € по лице по ноќевање (се
плаќа на рецепција)
 - Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација од агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација од агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација од агенција
 - Факултативна посета на Толедо со локален водич и трансфер (75€)
 - Доплата за 1/1 соба (238€)
 - Билети за јавен превоз со метро 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
 - За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
 - За овој аранжман важат Општите услови на патување