ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
АНДАЛУЗИЈА – КОСТА ДЕЛ СОЛ

07 – 11.03.2027

Малага претставува еден од најстарите градови во Европа, лоциран на прекрасната област Коста дел Сол, каде што морето, културата и гастрономијата се спојуваат во совршена хармонија. Овој жив град нуди уникатна комбинација на традиција и современ дух, со богато културно наследство и пријателска атмосфера што веднаш освојува.

Родниот град на Пабло Пикасо е дом на бројни музеи, уметнички галерии и историски споменици – од импресивната тврдина Алказаба и римскиот театар, до величествениот катедрален храм и модерниот Музеј на Пикасо. Прошетките низ старото градско јадро, полни со тесни улици, локални барови и шармантни плоштади, нудат вистинско уживање за сите сетила.

Малага е град на сонцето – со повеќе од 300 сончеви денови годишно и прекрасни плажи кои се протегаат по должината на брегот. Плажите Ла Малaгета и Педрегалехо се совршени за одмор и релаксација, а вечерите се исполнети со живот, музика и вкусна андалузиска храна.

Гастрономијата е вистинско доживување – од свежа морска храна и традиционални тапаси, до локално вино и ароматични јадења што ја одразуваат душата на Андалузија.
 
Севиља – домот на кралските палати, фламенко и најромантичните улици во Европа.
Ронда – драматичен град поставен над кањон, каде секој поглед е разгледница.
Гранада – Андалузиската принцеза со величествената Алхамбра и неверојатна историја.
Марбеља – елеганција покрај морето. Сонце, палми, стариот град полн со шарм и ритам на живот што те тера да забавиш и да уживаш.
 
07.03.2027  Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана. Пристигнување на патниците на аеродромот во Тирана два часа пред летот.  Полетување за Малага во 17:25 часот . Слетување во Малага во 20:50 часот.
 Ноќевање.

08.03.2027 Поаѓаме утрото од Торемолинос кон Марбеља. Започнуваме со посета на Марбеља, едно од најпознатите медитерански летувалишта. Благодарение на својата идеална географска положба, пријатната клима и престижната репутација, Марбеља е еден од најпосетуваните градови на прочуената Коста дел Сол. Ќе прошетаме низ старата чаршија, прекрасните плоштади и модерната марина, каде што се чувствува духот на елегантниот медитерански живот.  Патувањето продолжува кон Ронда – град кој се смета за едно од најголемите богатства на Андалузија, оддалечен околу 100 км од Малага. Градот е препознатлив по драматичната панорама и неговата уникатна локација над длабокиот кањон на реката El Tajo.  Најимпресивниот симбол на Ронда е мостот Puente Nuevo, чија изградба започнала во 18 век и траела цели 42 години. Тој го поврзува стариот маварски дел од градот со поновиот дел – El Mercadillo. Ќе ги видиме и најзначајните знаменитости на градот:
 • арената за корида – една од најстарите во Шпанија,
 • најдобро зачуваните арапски бањи во регионот,
 • палатата Mondragón,
 • палатата на маварскиот крал,
 • старите градски капии и одбранбени ѕидини,
 • плоштадот Duquesa de Parcent, сметан за еден од најубавите плоштади во Ронда, каде што се наоѓа и црквата Santa María.
 - По разгледот, следи враќање во хотел и слободна вечер.
 
 
09.03.2027  Појадок. По заминувањето од Торемолинос се упатуваме кон Севиља, главниот град на Андалузија, сместен во плодната долина на реката Гвадалквир. Многумина ја сметаат Севиља за еден од најубавите европски градови – вистински музеј на отворено.
 
 • Катедралата во Севиља – најголемата готска и средновековна катедрала во светот, изградена на местото на стара џамија по заминувањето на Маврите. Внатрешноста е богато украсена со злато и ремек-дела на изведбата. Во неа се наоѓа и гробницата на Кристофер Колумбо.
 • Гиралда – најпознатиот симбол на градот.
 • Кралскиот Алказар – поранешна маварска палата, еден од најубавите примери на мудехар архитектурата
 • Златната кула (Torre del Oro) – прочуената стражарска кула покрај реката.
 • Градската куќа и историскиот центар со неговите улички.
 • Парк Марија Луиза – најубавиот парк во Севиља, опкружен со музеји, палати и споменици.
 • Арена за корида од 19 век – една од најпознатите во Шпанија (панорама однадвор).
 • Плоштад Шпанија - еден од најубавите и најпознати плоштади во Шпанија Катедралата заедно со Гиралда од 1987 година се под заштита на УНЕСКО.
 - По разгледот следува слободно време за индивидуални активности, прошетка или ручек. По договор, заминување и враќање во хотелот. Ноќевање.
 
1
0.03.2027 Појадок. Денот го посветуваме на Гранада - еден од највпечатливите и најромантични градови во Шпанија, познат како последната маварска престолнина и градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Следува посета на мистичната и величествена Алхамбра – чиј назив на арапски значи „Црвената тврдина“. Ова архитектонско ремек-дело е вистинско чудо на исламската уметност и претставува еден од најпрестижните и најпосетувани историски комплекси на Пиринејскиот Полуостров. Алхамбра е составена од:
 • маварските палати со неверојатни детали и резби,
 • моќните тврдини и стражарски кули,
 • величествените Nasrid палати,
 • мирните дворови и фонтаните,
 • прекрасните Генералифе градини – оаза на мир и инспирација за поети, уметници и патници со векови.
 Од 1984 година, целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.
  Враќање во хотел и ноќевање.
 
1
1.03.2027  Појадок. Напуштање на собите и поаѓање кон Малага - престолнината на Коста дел Сол и родниот град на Пабло Пикасо. Пристигнување и краток разглед на центарот, идеален за брзо запознавање со духот на овој живописен медитерански град. Ќе ги видиме најважните знаменитости:
 • Катедралата на Малага – позната по својот недовршен втор кулa
 • Римскиот театар – сместен под мавританската тврдина
 • Старата чаршија и пешачката зона Calle Larios – идеални за прошетка и кафе
 Панорамски ќе ги погледнеме и мавританските тврдини Алкасаба и Гибралфаро, кои ја раскажуваат богатата историја на градот. По убавиот разглед следи слободно време за прошетка, фотографирање или уживање покрај море со многу препораки за локални специјалитети, уживање во уникатни кафулиња на прекрасни локации.
 - Трансфер до аеродромот во Малага. Полетување за Тирана во 21:35 часот. Слетување во Тирана во 00:50 часот.


5
59 € за возрасно лице
80 € за деца
под 2 години

Во цената се вклучени следниве услуги:
 Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
 Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж
 Аеродромска такса
 4 ноќевања со појадок во 
хотел

Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
 Водич од агенција

Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Туристичка такса по лице / ден
Факултативни излети
 
Патничко осигурување
 Локален транспорт: метро или автобуски билети

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна. Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната. Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување. При резервација се уплаќа аванс од 50% од вкупната сума. Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД. Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите. Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените. Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
 

Марбеља и Ронда: 85€ (Факултативна – целодневна тура)

Поаѓаме наутро од Торемолинос кон Марбеља, едно од најпознатите летувалишта на Коста дел Сол. Следува прошетка низ старата чаршија, плоштадите и модерната марина.

Потоа продолжуваме кон Ронда, град над кањонот на реката El Tajo, познат по импресивниот мост Puente Nuevo. Ќе ги посетиме главните знаменитости: арената за корида, арапските бањи, палатата Mondragón, стариот град со ѕидините и плоштадот Duquesa de Parcent со црквата Santa María.
 

Севиља: 100€

Севиља, главниот град на Андалузија, еден од најубавите европски градови и вистински музеј на отворено. Ќе ги посетиме најпознатите знаменитости: Катедралата со гробницата на Кристофер Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула, историскиот центар, Паркот Марија Луиза и Плоштад Шпанија, како и арената за корида (однадвор). Катедралата и Гиралда се под заштита на УНЕСКО.
 

Гранада: 85€ + доплата за влезница во Алхамбра 45€

Цена на излетот: 85€+ долпата за влезница во Алхамбра 45€ (со вклучен локален водич од дворецот Алхамбра)

Целодневна посета на Гранада – романтичен град и поранешна маварска престолнина. Следува разглед на Алхамбра, импресивен комплекс со палати, тврдини, дворови, фонтани и Генералифе градините, под заштита на УНЕСКО од 1984 година.
 

Малага: 40€

Малага, престолнина на Коста дел Сол и роден град на Пабло Пикасо. Краток разглед на центарот со Катедралата, Римскиот театар и старата чаршија со пешачката зона Calle Larios, како и панорамски поглед на тврдините Алкасаба и Гибралфаро.
 

Цена за ПАКЕТ од сите факултативи:
 Уплата за пакет за сите екскурзии според програмата = 315€