11-ти ОКТОМВРИ ВО АНТАЛИЈА И МИСТИЧНАТА КАПАДОКИЈА

Комбинирана програма со директен лет од Софија

(07 - 15.10.2024)

 

 Доживејте ја магијата на Турција на патувањето кое нема никогаш да го заборавите...Во Земјата на самовилите...на убавите коњи... со најубавите пејзажи на светот кои потсетуваат на површината на месецот...Во Земјата  која  е лулка на христијанството...Ако ја сакате Турција,тогаш Кападокија ќе ја обожавате...

 

Прв ден: 07.10.2024 (понеделник) Скопје-Софија Заминување на групата од Скопје во 23.30 часот  кон Бугарија.

Втор ден: 08.10.2024 (вторник)- Софија -Анталија-Аланија  Пристигнување на аеродромот во Софија во вторник во раните утрински часови. Полетување за Анталија во 09.40 часот.  Слетување во Анталија во 11:20 часот.  Организиран трансфер со автобус до хотелот во Аланија од околу два и пол часа. Сместување на групата во хотелот  „Senza The Inn Resort & Spa“ 5* (https://theinn.senzahotels.com/) или сличен на него. Слободно време за одмор од патувањето. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 09.10.2024 (среда)- Аланија – Конија – Кападокија  Појадок. Рано наутро заминување кон Кападокија - уникатен и историски значаен регион, познат по своите воодушевувачки пејзажи, пештерски живеалишта, карпести цркви и богато културното наследство. Попатно разгледување на Конија, - градот на Мевљана и дервишите кои ги спојуваат во себе на неверојатен начин антиката и модерното. Некогаш во градот се собирале источните научници и религиозни личности, а свое засолниште тука нашол и поетот Џелаледин Мевљана Руми . По неговата смрт, неговите студенти го основале „Орденот на дервиши“ кои во целиот свет се познати по својот мистичен танц наречен „сема“. „Сема“ во преводот значи „рај“, а самиот танц е врска помеѓу земниот и небесниот свет. Сместување во хотелот Tassaray 4* (http://www.hoteltassaray.com/) или сличен на него. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 10.10.2024 (четврток)- Кападокија – Учхисар – Ѓореме – Аванос Возможно е да се организира лет со балон над уникатната долина и неверојатно убавите геолошки формации во Кападокија. Поаѓање од хотелот во 05:00 часот наутро (денот на летање со балон може да се промени во зависност од временските услови).

Појадок. Поаѓање кон живописниот град Учхисар. Попатно кратка фото-пауза во „Долината на гулабите“. Можност за посета на тврдината Учхисар, која е највисоката точка (над 1300 m) во регионот Кападокија и една од најпознатите туристички атракции. Бројни живеалишта, храмови и гробови се издлабени во карпите и меѓусебно се поврзани со скали, тунели и премини, а камените врати ги чуваат влезовите од несакани посетители. Од врвот на тврдината се открива неверојатен поглед на прекрасниот пејзаж на Кападокија. Продолжуваме кон Музејот на отворено Ѓореме. Музејот е на светската листа на културното наследство на УНЕСКО од 1985 година и е познат по пештерските цркви и манастири кои датираат уште од Византискиот период. Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерски градови издлабени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески... Продолжуваме кон градот Аванос со кратка фото пауза во „Долината на вљубените“. Градот Аванос уште од античко време бил центар на грнчарството и занаетчиството. Се наоѓа на двата брега на најдолгата река во Турција - Казалермак (во превод „црвена река“). Токму од нејзиното дно се собира специјалната црвена глина што ја користеле грнчарите од овој регион за изработка на најквалитените керамички производи. Посета на традиционална грнчарска работилница. Враќање во хотелот. Вечера. Можност за посета на традиционален ресторан во Кападокија со богата фолклорна програма (факултативно). Ноќевање.

Петти ден: 11.10.2024 (петок)-Кападокија – Кајмакли Појадок. Посета на еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови Кајмакли кој за прв пат ги отвара вратите за туристите во 1964-та година. Неговото античко име е Енегуп, а создаден е од најраните христијани како скривалиште за заштита од непријателските напади. Сложен систем од тунели, комори и галерии се ископани длабоко во вулканската карпа од мек вулкански камен наречен туф. Во градот има осум подземни нивоа но само четири се отворени за посетителите. Тунелите се тесни и со низок свод па човек може да помине низ нив само подведнат. Неверојатно доживување во подземниот град кој можел да собере 3000 луѓе и во кој сеуште е функционален системот за вентилација. Продолжуваме кон местото каде ќе ги направиме најубавите фотографии: природниот феномен „Трите убавици“ или „Трите самовили“, формации од природата кои со нивните капи личат на оџаци и станаа симбол на Кападокија. Во вечерните часови можност за дополнителна екскурзија „Сема“ со која ќе можете да уживате во мистичната церемонија наречена „Танц на дервишите“ (факултативно). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.  

Шести ден: 12.10.2024 (сабота)- Кападокија – Аланија  Појадок. Рано наутро поаѓање кон градот Аланија. Попатна посета на најголемиот карвансарај во Турција - „Султан Хан“, една од најзначајните туристички атракции во централна Анадолија.  Каравансарајот бил изграден во 1229 година од страна на селџучкиот султан Алаедин Кејкубад I кога Аксарај бил важна попатна станица долж патот на свилата што минувал низ Анадолија.  Султан Хан има два дела-за летниот и за зимскиот период. Монументалната влезна порта била изработена од мермер, а широкиот двор е опкружен со складишта, тезги, кујна и соби во кои се сместувале животни и луѓе. Во средината на дворот има мала џамија која патниците ја користеле за молитва. По слободното време, продолжуваме кон Аланија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Седми ден: 13.10.2024 (недела)- Аланија Појадок. Следува Бонус разглед на градот Аланија. Ќе имаме можност да ја видиме пештерата „Дамлаташ“, која е случајно откриена во 1948 година во текот на ископување камен за изградба на тврдината.  Научно е докажано дека таа поволно делува на асматичарите, па лекарите им препорачуваат на болните да минуваат по четири часа дневно во пештерата.  Потоа ќе направиме кратка фото-пауза на најпознатата плажа во Аланија - Плажата на Клеопатра, за која се вели дека е местото каде Марко Антониј и Клеопатра ја започнале својата љубовна приказна. Од таму се упатуваме со жичара кон стариот град Аланија. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови посета на продавница за кожа и текстил. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

Осми ден: 14.10.2024 (понеделник)- Аланија  Појадок. Слободно време за индивидуални активности или за избор на некоја од понудените факултативни програми:

-Посета на водопадот Манавгат + крстарење по истоимената река +ручек на бродот + плажа + разглед на градот Сиде

-Возење со пиратски брод (панорамска обиколка на прекрасните заливи на Аланија). Слободно време за плажа и нуркање.

Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечера.  Ноќевање.

Девети ден: 15.10.2024 (вторник)- Аланија-Софија  Рано наутро организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Анталија. Полетување од Анталија кон Софија во 06.50 часот.  Слетување во Софија во 08:40 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот во Софија до Скопје. Пристигнување во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   599 евра (37.140 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 • Трансфер со автобус до аеродромот во Софија и обратно

• Авионски билет Софија - Анталија - Софија со вклучени аеродромски такси (Лет:XQ 651 Софија–Анталија, Терминал 2/Лет: XQ 650 Анталја-Софија, Терминал 1)

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 4 ноќевања во Аланија во хотел со 5* на база All Inclusive

• 3 ноќевања во Кападокија (во областа Ургуп и Аванос) во хотел со 4* на база HB (појадок и вечера)

• Бонус разглед на градот Аланија

• Услуга во Кападокија со лиценциран туристички водич на бугарски јазик

• Лиценциран туристички придружник

  

Во цената не се вклучени следните услуги:

 • Влезници во музеите во Кападокија:

 -Подземен град Кајмакли – 13 евра

 -Музејот на отворено Ѓореме – 20 евра

 -Темната црква во Ѓореме- 6 евра

- Тврдината Учисар-250 турски лири

- Каравансарај „Султан Хан“- 2 евра

 

• Посета на „Танцот на дервишите“ – 25 евра

• Билет за жичарата до стариот град во Аланија – 10 евра

• Посета на традиционален ресторан во Кападокија со богата фолклорна програма (со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци, студени закуски и овошје)-35 евра

• Возење на пиратски брод (панорамска обиколка низ прекрасните заливи на Аланија. Слободно време за плажа и нуркање со вклучен ручек и пијалоци)- 45 евра

• Посета на водопадот Манавгад+крстарење по истоимената река+ручек на бродот+плажа+разглед на градот Сиде- 35 евра

- Лет со балон над Кападокија

• Задолжителен бакшиш за локалниот туристички водич и возачот- 15 евра за целиот престој

• Во случај да дојде до промена на цените на горивото, можна е промена на цената. Туристите ќе бидат информирани до 14 дена пред летот

• Доплата за еднокреветна соба - 300 евра

• Патничко осигурување

 

Напомена: За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 150 евра (9300 денари). Целосна доплата на аранжманот до 06.09.2024. година.

 За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници