ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
БОЛОЊА - ФИРЕНЦА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ

1 ден   10.10.2024 Скопје – Монтекатини Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден   11.10.2024 Болоња - Монтекатини – Пиза – Монтекатини  Во раните утрински часови (во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетс Болоња, величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела... учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна. Патувањето продолжува кон Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза е град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден  12.10.2024  Монтекатини- Cinque Terre- Монтекатини  Појадок. После појадкот заминување  на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4ден  13.10.2024  Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини Појадок.После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

5 ден  14.10.2024 Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје  Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: палатата Векио, атедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  палатата Пити...Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден   15.10.2024 Скопје Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31.08. 2024: 199€ / 12.340ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€ / 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  •  Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  •  Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  •  Вечерна посета на Пиза
  •  Попатна посета на Болоња
  •  Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •  Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) - 50€
  •  Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер,  водич) - 50€
  •  Задолжителна посета на Фиренца - 30€
  •  Туристичка такса во хотел во Монтекатини ( 3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  •  Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  •  Патничко здравствено осигурување (без франшиза) - 300 ден
  •  Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  •  Доплата за дополнително седиште 150
  •  Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на организаторот
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.