МАЈСКИ ПРАЗНИЦИ
РИМ
 
 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевањa


23. мај (сабота) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Рим W6 4757 во 17:10ч. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Трансфер до хотелот... Ноќевање.

24. мај (недела) РИМ (Панорамски разглед на градот) – ТИВОЛИ Појадок. Наутро, пешачки панорамски разглед со локален водич (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини. После ручек, препорачуваме факултативна посета на прекрасната Villa D’Este и нејзината градина кои се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Ноќевање.

25. мај (понеделник) РИМ - ВАТИКАН Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Систинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање

26. мај (Вторник) РИМ - (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил) – СКОПЈЕ Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Слободно време за индивидуални активности... Tрансфер до аеродромот во Рим во 15:00ч. Лет за Скопје W6 4758 во 18:35ч. Пристигнување во Скопје во 20:20 часот.
 

Цена во претпродажба:
Basic пакет       со вклучен 1 разглед - 539 € (33.418 мкд)
Superior
 пакет со вклучени 3 разгледи - 614 € (38.068 мкд)
Premium
пакет со вклучени 4 разгледи - 684 € (42.408 мкд)

Цена на аранжманот:
Basic пакет       со вклучен 1 разглед - 589 € (36.518 мкд)
Superior пакет  со вклучени 3 разгледи - 664 € (41.168 мкд)
Premium пакет со вклучени 4 разгледи - 734 € (45.508 мкд)

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ

BASIC

SUPERIOR

PREMIUM

Организиран пешачки панорамски разглед на Рим

Посета на римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница  и метро карта, јавен превоз

20€

Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница.

70€

Посета на Тиволи со приватен трансфер, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д'Есте.

75€

75€

√-вклучено во пакет цената на аранжманот!

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во хотел Best Roma 4* на база 3 ноќевања со појадок
 - Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
 - Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.
 - Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
 - Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено - патничко  осигурување околу 220мкд
 - Туристичка такса: Хотел 4* -  7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
 - Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
 - Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
 - Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
 - Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
 - Доплата за 1/1 соба – 155€
 - Билети за превоз со метро 1.5€ по правец / 7€ дневен билет
 - Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:
–За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
–За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
 
- За овој аранжман важат Општите услови на патување