НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА
ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА ВО КОТОР
ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ЗДРАВКО ЧОЛИЌ
(30.12.2026 – 03.01.2027)
Стариот град Котор е наубавиот дел од овој медитерански град па кога ќе зачекорите во него ќе имате впечаток дека се наоѓате во еден голем музеј... Богат со тесни премини кои потсетуваат на вистински времеплов, срцето на Котор е волшебно и поради куќите стари дури и по 300 години, по палатите, музеите и осветлените поплочени плоштади... Без разлика дали ќе седнете на некоја од камените скали и ќе уживате во музиката на уличните свирачи или во некој од познатите ресторани, секој момент поминат во Стариот град ќе биде автентично искуство заради кое ќе посакате одново да се враќате на истото место!
Прв ден: 30.12.2026 (среда) Заминување на групата во 23:00 часот од Скопје (пред договорено место) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 31.12.2026 (четврток) Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство најмногу заради урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент. Градот е стар преку 2000 години и претставува вистинска ризница на Споменици на Културата: Катедралата Свети Трипун, Црквата Свети Лука, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави. Потоа сместување на групата во хотелот Marija 3* (http://www.hotelmarija.me/ ) сместен во внатрешните ѕидини на стариот град во прекрасна барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма за која е најавен настаот на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 01.01.2027 (петок) Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах... Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Котор. Пред нас е уште една незаборавна вечер со забава на отворено. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 02.01.2027 (сабота) Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки во овој прекрасен град кој изобилува со продавници и мали ресторани во кои ќе уживате во медитеранските специјалитети. Ноќевање.
Петти ден: 03.01.2027 (недела) Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........249 евра (15.440 денари)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.Целосна доплата на аранжманот до 25.11.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.