ЕДНОДНЕВНО ОСМОМАРТОВСКО ПАТУВАЊЕ

ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР И ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ
(еднодневна екскурзија)


Поаѓање од Струмица во 07:00 часот на паркингот кај пожарната спроти хотел Илинден. Се упатуваме кон Пробиштип за посета на Лесновскиот Манастир. Околу 09.00 часот пристигнување во Лесновскиот Манастир. Слободно време за разглед на манастирскиот комплекс како и можност за раглед (индивидуално) на  пештерските цркви, скити и параклиси кои се наоѓаат на влезот на манастирскиот комплекс. (2 часа). По разгледот (околу 11.00 часот) патувањето го продолжуваме кон манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски со попатна посета на Кратово и Радиниот Мост. Пешачка прошетка до Радиниот Мост и можност за кратка кафе пауза во градот. (1  час)  Од таму патувањето го продолжуваме кон Крива Паланка. Пристигнување во манастирот околу 14.00 часот. Слободно време за разглед на манастирскиот коплекс (1 час). По разгледот можност за ручек во Етно Село – Манастир (факултативно). Во договор со групата заминување кон  Струмица во попладневните часови.

Цена по лице: 1.300 денари 

Во цената е вклучено: 
Превоз со автобус на дадената релација
Лиценциран туристички водич

Во цената не е вклучено:
Индивидуални трошоци
Ручек во ресторан Етно Село во манастирот

Лесновски Манастир – Лесновскиот манастир се наоѓа во село Лесново, Пробиштипско. Црквата е посветена на Свети Архангел Михаил. Настанувањето на манастирот се поврзува со пустиникот Гаврил Лесновски. За Гаврил Лесновски постојат повеќе житија - првото е сосема кратко и е напишано во 1330 година. За време на неговиот живот манастирот постоел и тој во него се замонашил. Во Лесновскиот манастир од посебно значење е иконостасот од 1814 година, изработен во релативно покрупна резба, од мајсторското длето на познатата мијачка копаничарска школа предводена од Петре Филиповски – Гарката, што претставува воедно и нивно првенче, по кое следат иконостасите во црквите Св. Спас во Скопје, Св. Јован Бигорски, какои и оној во црквата Свети Никола во Крушево кој заедно со црквата настрадал во пожар. Сегашниот иконостас е поставен на местото на некој постар што е отстранет од црквата.

Манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски  е важен културен, верски и образовен центар со векови, поставен во средината на бујна шума на Осоговските Планини. Се состои од црквата Св Јоаким Осоговски, помала црква од 14 век посветена на Света Богородица, интернат, камбанарија со спомен костурницата  на дното, стражарската куќичка, нови домови и резиденција на поглаварот на Македонската Православна црква. Основан во 12 век, уништен од земјотрес во 16 век, но набрзо потоа повторно изграден. Големиот храм посветен на Јоаким Осоговски, исто така, е ремек-дело на еден од најголемите македонски архитекти Андреја Дамјанов.