ДУБАИ
СО АВИОН ОД СКОПЈЕ –
ГРУПНО ПОАЃАЊЕ
УЖИВАЈТЕ
ВО ЛЕТОТО ЗА ВРЕМЕ НА ЗИМСКИОТ ОДМОР
ДАТИ
НА ПАТУВАЊЕ 09-16.01.2025/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 10-15.01.2025 (5 НОЌИ)
IBIS ONE CENTRAL 3* |
Стандардна соба (само за 2 лица) |
799 € по лице, со појадок |
NOVOTEL WTC 4* |
Супериор соба (дете до 5 год. спие во заеднички кревет) |
860 € за возрасен / 650 € за дете до 5 год. (со појадок) |
НП* - ноќевање со појадок / бебе до 1,99 год плаќа само такси од 50ЕУР
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА
Детали за лет
TK1006
09JAN SKPIST 2035 0015*/ TK 762 10JAN ISTDXB 0120 0645
TK 761 16JAN DXBIST 0235 0630/ TK1003 16JAN ISTSKP 0810
0745
Цените се пакетни по лице, изразени во ЕВРА за уплата во
денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на
авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на
места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во
стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Програма на патувањето - авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.
09-10.01/25 - Полетување од Скопје во 20:35.
Слетување во Истанбул во 00:15 часот. Полетување за Дубаи во 01:20 часот на
08.12 и слетување во Дубаи во 06:45. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување –
влез после 14:00ч. Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови
можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со
вклучена вечера.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).
11.01/25- ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА
ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 8-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако
се пријавени под 8 лица турата
е индивидуална и е поскапа)
Попладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратко панорамска фотосесија на Atlantis и новиот најскапиот хотел Royal Atlantis. Застануваме за кратка фотосесија кај МАРИНАТА и одиме накај MADINAD SOUK или Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Нашата тура не носи попатно да ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи. Потоа продолжуваме кон Дубаи крикот и го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Остануваме во трговсиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Индивидуално враќање во хотелот.
* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување
Burj Khalifa (САМО влезници 60 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 75 евра), за 124 кат.
12.01/25 - ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ
ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21
часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 55 ЕУР по лице
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. По краткиот одмор и пауза, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
13.01/25 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА -
ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 Pax – 90 ЕУР по лице/ на српски јазик/
БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК (ако се пријавени под 8 лица турата е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи,се поминува
пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината покрај брегот
до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ. Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај брегот и големиот број на острови. Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата,
една од најубавите џамии во светот. Службено
е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан.
Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот
претседател на ОАЕ,кој е погребан
во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000. Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по
1500 верници. Џамијата има 4
минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри, има 57 куполи кои се украсени со мермер. Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2.
Возиме покрај претседателската палата и брегот - шеталиштето на АБУ ДАБИ. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates
Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*) – панорамски разглед.
Потоа имаме кратка пауза во Heritage village. Турата
ја завршуваме во YAS ILAND со краток стоп во FERRARI WORLD. !!! НАПОМЕНА
Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што
подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за
жените е обавезна марама.
* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување или затворање на влез на некои објекти заради посети од високи владини делегации
14.01/25 – Попладне тура ПОСЕТА НА
MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице . Неверојатно голем
простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми,
големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после
продолжуваме кон големиот модерен
панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Враќање во хотелот.
15.01/25 – одјавување од хотелот во 11-12 часот
слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот и трансфер до аеродором во доцните вечерни часови.
- Посета на некоја плажа – наша препорака JBR BEACH – THE WALK
- MUSEUM OF FUTURE – само влезници согласно слободни дати и термини од 50 еур по лице (варираат согласно пополнетост на термини)
- PALM VIEW само влезници согласно слободни дати и термини од 25 еур по лице (варираат согласно пополнетост на термини)
- ANIMAL PLANET - само влезници согласно слободни дати и термини од 50 еур по лице (варираат согласно пополнетост на термини)
- дополнителни индиивидуални активности – на барање
16.01/25 - Полетување од Дубаи за Истанбул
во 02:35 часот. Слетување во Истанбул во 06:30 часот и полетување за Скопје во
08:10 часот. Слетување во Скопје во 07:45 часот.
Цената е за целосна
уплата при резервација , без право на промена на име или
отказ. Цените се ПАКЕТНИ, по
лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум
2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Цената вклучува:
Цената НЕ вклучува:
УСЛОВИ
НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00.
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на
лица:
НАПОМЕНА - Поради
промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет
аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги
проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на
редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве
молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од
овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).