Рим –
Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија...
според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот
на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год,
па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола
во светот... и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја
создавале императори, папи, цареви и конзули а изгледот му го дале
најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величествените антички
монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни
фонтани, романтични фасади, Колосеумот... стариот дел на градот е вистински
музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!
1 ден 01.05.2024СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ-РИМ: Состанок на групата во 09.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 09:30ч. Се патува преку Албанија грaничен премин .Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ден 02.05.2024 БАРИ –ПОМПЕЈА-НЕАПОЛ- РИМ: Пристигнување во Бари во 08.00. Продолжуваме кон Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол: Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 03.05.2024 РИМ –– ТИВОЛИ: Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот... Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет доТиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности... Предлагаме вечерна прошетка Roma by night. Ноќевање.
4 ден 04.05.2024 РИМ - ВАТИКАН – МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА: Појадок. Предпладне посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови. Сместување во хотел. Препорачуваме вечерна посета на Пиза - Разглед на плоштадот Plazza Dei Miracoli на кој се наоѓа Кривата Кула, катедралата Santa Maria della Spina, крстилница Св.Јован. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 05.03.2024 МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА-СКОПЈЕ: Појадок. Одјавување од хотел. Заминуваме на факултативна посета на Фиренца. Можност да уживате во ренесансниот град: мостот Векио, црквата Санта Кроче, Катедралата, плоштадот Сињорија, Палацио Векио, Галеријата Уфицио... Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
6 ден
06.03.2024 СКОПЈЕ: Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15.02.2024 : 299€/ 18.540 ден ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: